АНТОНИО МИЛОШОСКИ ГО ДОЗНАЛ ПЛАНОТ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО: Сценарио во 11 точки за промена на името на државата!

Објавил: Македонка Димкин | 30 мај, 2018 19:17

Вистинска информација или само шпекулација? Сценарио во 11 потези!

Фото/Текст извор: ©ФБ

1. Дефинирање на новото име преку повратна комуникација меѓу Заев и Ципрас

2. Потпишување на договор за промена на името во Преспа на почетокот на Јуни 2018

3. Договорот за името ќе оди во македонското Собрание каде што треба да помине со гласање од 61 пратеник.

4. Грција испраќа писмо до НАТО за да го одобри условниот прием (промена на името и во уставот)

5. Грција испраќа писмо до ЕУ за поддршка за почеток на преговорите на Македонија само под услов, уставните промени да завршат во рок од 12 месеци.

6. На 28 јуни 2018 Заев ќе биде поканет на самитот на ЕУ официјално да го прими датумот за почеток на пристапни преговори

6а. На 11/12 јули 2018 Скопје ќе ја прифати официјалната покана за НАТО.

7. Во октомври ќе се одржи референдум за името со кој Заев ќе треба да покаже дека мнозинството граѓани ја прифаќаат рамката за промена на името.

8. Врз основа на очекуваната силна поддршка од СДСМ и албанските гласачи Заев ќе побара поддршка од опозицијата во Собранието и со 2/3 мнозинство да се промени Уставот за името. Доколку некои пратеници искажат противење на промена на името, СЈО и други владини институции ќе спроведат соодветен притисок.

9. Договорот за промена на името ќе дојде за гласање и пред грчкиот парламент, по што ќе почне процесот на ратификација во другите земји членки на НАТО

10. ОН, ЕУ и НАТО ќе го признаат новото име.

Ова го истакна Антонио Милошоски на неговиот ФБ профил. Магазин го прашува Милошоски од каде му се ваквите информации, и ако е вистина што ќе направат тој и неговите колеги пратеници, кои се следните чекори?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.