Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до 05 часот наутро.

Објавил: Владо Марин | 22 мај, 2020 18:19

ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Македонија повторно во карантин- ОВА Е ОДЛУЧЕНО НА СЕДНИЦАТА!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со Ковид-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд, објави пред малку Оливер Спасовски!

Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05 часот.

Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до 05 часот наутро.

Исто така претседателот на Турција најави четиридневен полициски час на ниво на целата држава за време на муслиманскиот празник Рамазан бајрам што ќе почне од сабота, на 23 мај и ќе трае до 26 мај.

Саудиска Арабија ќе воведе целосна забрана за движење за време на петдневното славење на Еид ал-Фитр, празник со кој се завршува рамазанскиот пост, со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести