Од таму додаваат дека Јованоски и надлежните не се свесни какви последици врз околните земјоделските површини и култури може да предизвикаат ваквите дејствија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 јуни, 2019 16:21

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Прилеп и Водовод свесно предизвикува еколошка катастрофа? (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, беше изјавено дека СДСМ две години ги труе граѓаните со непотизам, криминал, распродавање на националните интереси и штетни политики во сите свери на општественото живеење, но сега ја труе и животната средина.

“Главниот проект во предизборието на градоначалникот Јованоски беше чист воздух за сите и чиста и здрава животна средина. За чистиот воздух видовме во зимата, кога мерната станица за малку ќе експлодираше поради енормната загаденост и отровот кој го дишеа граѓаните.Дали сега сме сведоци за тоа како се загадува животната средина и тоа преку Прочистителната станица – проект кој треба да овозможува еколошки здрава и чиста средина?Дали талогот и тињата кои како остаток од прочистувањето на отпадните води излегуваат од станицата, се закопуваат во земјоделско земјиште?Загрижени граѓани реагираа до нас и ни ги испратија овие фотографии, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Од таму додаваат дека Јованоски и надлежните не се свесни какви последици врз околните земјоделските површини и култури може да предизвикаат ваквите дејствија.

За ова ли граѓаните секој месец плаќаат за 60% повисоки сметки за вода и го празнат нивниот семеен буџет? Ќе сноси ли одговорност некој доколку со ваквото неразумно однесување се предизвика поширока еколошка катастрофа?
Тука ќе го потсетиме градоначалникот и на низата лажни ветувања кои тој ги даде пред граѓаните за чист еколошки Прилеп. Во својата предизборна програма Јованоски ветуваше: набавка на нови возила за собирање на смет и метење на улиците, расчистување на сите диви депонии, покривање на коритото од Дабничка Река, изградба на фабрика за рециклирање на отпад во депнијата Алинци, поставување на подземни контејнери во централното градско подрачје, пошумување на ридовите и планините околу градот…. како и низа други нереализирани проекти.Сега, после две години откако ги излагаа граѓаните е повеќе од јасно дека, ветувањата на овие луѓе за чиста животна средина и чист воздух, се ништо друго освен една голема лага”.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика