Дебатата се водеше во насока на спротивставување на ставовите меѓу власта и опозицијата за квалитетот на работата на министерот Спасовски

Објавил: Едмонд Бекири | 12 март, 2019 0:40

ВМРО-ДПМНЕ со 20 пратеници пробаа да го „турнат„ Оливер Спасовски

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Вечерва со 59 гласа „против“, 20 гласа „за“ и без воздржани Собранието на Република Македонија  не ја изгласа поднесената интерпелација  за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Дебатата се водеше во насока на спротивставување на ставовите меѓу власта и опозицијата за квалитетот на работата на министерот Спасовски, колку тој е компетентен и одговара на предизвиците со кои се соочува во Министерството.

Неколкутемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ со интерпелацијата,  побараа одговорност од Спасовски за несовесното, нестручното и селективното работење. Тие го обвинија минситерот дека , непрофесионалното работење на МВР довело до скандали, корупција, a како што посочија, граѓаните биле жртви на грабежи, обиди за убиства, рекетирања и насилства.

Опозицијата го обвини Спасовски за незаконски тендери за возила во МВР, за непотизам, за селективно апсење на членови на ВМРО-ДПМНЕ и на неистомисленици. Власта пак  е на став дека Спасовски е професионалец, кој посветено ги исполнува своите обврски како министер за внатрешни работи.

Но каде е професионалноста на пратеницитие од ВМРО-ДПМНЕ зошто само 20 пратеници, каде се останатите? Кому му служи оваа ПИНГ ПОНГ игра на опозицијата? 

Вечерва пратениците од ВМРО-ДПМНЕ  во текот на расправата лично го прозваа министерот Спасовски за, како што велат зголемениот број грабежи, убиства и скандали. Владејачкото мнозинство, пак, интерпелацијата ја оценија за неоснована, паушална и во функција на спречување на напредокот на државата.

Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ рече дека нема ден, а да не помине без скандал во МВР, зголемена е и корупцијата, а граѓаните не се чувствуваат безбедни. Посочи дека еден од најголемите скандали во Министерството е прислушувањето на обвинителите.

Јас овој мандат го добив од Собранието и ќе бидам тука додека тоа Собрание одлучи. Имате шанса да завршите и изгласате интерпелација, а ако не ќе мора да ме трпите се додека за тоа не одлучи Собранието – им порача Спасовски на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот Спасовски рече дека доволно полемизирале со пратениците околу аргументите во делот на интерпелацијата. Тој и реплицираше на опозицијата дека за нив најдобро било времето кога Груевски бил на власт, и кога беспоговорно само гласале за криминалот.

Седницата по интерпелацијата на Спасовски почна денеска на пладне, во рамки на 86-та седница и завршои касно вечерва со неизгалсување на интерпелацијата. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика