Аспиринот не е баш безбеден лек и често пати може да дојде до несакани ефекти од него

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 март, 2019 22:53

Внимавајте- Овој лек го земаме на своја рака но носи сериозни последици по здравјето

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Според повеќето истражувања направени во минатото аспиринот е лек кој воопшто не штети на организмот, а може потенцијално да го намали ризикот од срцеви напади и рак.

Според истражувањата овој лек кој се почесто го земаме на своја рака покажуваат дека аспиринот не е баш безбеден и дека често пати може да дојде до несакани ефекти од аспиринот, како крварење и чир, ги ставаат во сенка неговите добри страни.

Во период од пет години, колку што и траеше ова истражување, научниците не открија значајни здравствени предности кај луѓето кои користат аспирин.

Според најновото истражување кое беше објавено во магазинот „New England Journal of Medicine“, е запишано дека секојдневното земање на аспирин може да понуди некои здравствени предности за постарите лица, но воедно им носи и потенцијални ризици, па може да заклучиме дека константното користење на аспирин не придонесува во голема мерка за зачувување на здравјето кај постарите лица, како и тоа дека не го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.

Помеѓу 920 лица кои редовно земале аспирин, голем број од нив умреле, односно станале инвалиди или развиле деменција, во споредба со 914 испитаници кои примале плацебо таблети.

Во споредба со плацебо групата, оние кои во ова истражување земале аспирин, заклучено е дека имаат поголем ризик од големо крварење и чести непосакувани ефекти од овој лек.

Начуниците кои го спроведуваат ова истражување предупредуваат дека користењето на аспирин може да нанесе штети на организмот, па оние кои го користат треба да прекинат со неговата употреба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...