Резидентите не смеат да изнесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност над 10.000 евра.

Објавил: Македонка Димкин | 6 јануари, 2022 17:07

Внимавајте печалбари, без потврда смеете да изнесете само 2000 Евра

Фото/Текст извор: ©магазин

За новогодишните празници се зголеми и посетата на Македонските печалбари на своите родни краијишта. Но често тие забораваат дека ако немаш потврда за потеклото на парите и носиш повеќе од 2000 тие можат да ви бидат запленети.

Еве дел од законот:

Резидентите можат слободно да изнесуваат од Република Македонија ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 2.000 евра.

Резидентите можат од Република Македонија да изнесат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност од 2.000 до 10.000 евра, само доколку при преминот на државната граница кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари што го изнесуваат.

Ефективните странски пари резидентите ги изнесуваат врз основа на потврда од овластена банка или менувачница за купување на странски ефективни пари или врз основа на потврда од банка за подигање на девизи (странски ефективни пари) од сопствена девизна сметка.

Потврдата важи до првото преоѓање на границата, а најдоцна 90 дена од денот на издавањето.

Резидентите не смеат да изнесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност над 10.000 евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести