Хеликоптер пренесе бебе во инкубатор од Дубровник до клиничкиот центар во Сплит, објавија хрватските медиуми.
Итната акција со хеликоптерот Mi-8 MTV1 ја сочинуваа капетан полковник Андреас Дувнјак, копилот потпоручник Иван Бурчул и техничарот Душан Плазониќ.
Дувнјак изјави дека целиот процес поминал одлично.
Полетавме веднаш откако го добивме повикот. Полетавме од Дубровник и го внесовме бебето во инкубаторот, а се до Фирула со нас се наоѓаше и лекарски тим. И порано учествував во превоз на бебиња, и овие прекрасни моменти ме исполнуваат премногу, рече Дувнјак.
Изградбата на болницата во Сплит започната е со хуманитарна иницијатива на Анте Ерговац во 1784 година.
Болницата е изградена во внатрешноста на бастионот Цорнер. На почетокот на изградбата се викаше С. Лазар, а покасно го доби името Цивилна болница.
Центарот има 1500 акутни, 30 хронични простории и 24 операциони сали. Во склопот на болницата делуваат 13 клиники и15 клинички заводи. Во болницата на годишно ниво се хоспитализираат 50 000 пациенти.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.