Најмногу снег се очекува во делови од Босна и Херцеговина како и во Црна Гора каде снежната покривка понекаде ќе достигне и над 30 сантиметри, а снег се очекува да паѓа и во Словенија, Хрватска и соседна Србија.

Објавил: admin@magazin | 6 април, 2021 7:09

ВОНРЕДНО: ОД ДЕНЕС БАЛКАНОТ ЌЕ СЕ СООЧИ СО ГОЛЕМИ АРПИЛСКИ СНЕГОВИ И СТУДОВИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Почнувајќи од денеска земјите од Балканскиот Полуостров ќе се соочат со големи априлски снегови и студови. Поточно во моментов од Арктикот кон нашиот дел од Европа започна да се спушта многу студен воздух кој ќе услови врнежи од снег во најголем дел од Балканот во текот на утрешниот ден.

Најмногу снег се очекува во делови од Босна и Херцеговина како и во Црна Гора каде снежната покривка понекаде ќе достигне и над 30 сантиметри, а снег се очекува да паѓа и во Словенија, Хрватска и соседна Србија.

Температурите ќе бидат далеку под просекот за овој дел од годината и наутро истите понекаде ширум Балканот ќе се спуштаат и до околу -10 степени, на планинските места дури и под -10 степени. Сето ова ќе биде проследено и со леден северен ветер.

Овој бран ќе пристигне и во Македонија но со тоа што ќе услови врнежи од дожд и тоа утре особено во југоисточните и во источните предели, додека во среда врнежите ќе се прошират на повеќе места. Истите на планините и на повисоките места, особено на северот ќе бидат од снег каде ќе се формира нова снежна покривка.

Во среда кон крајот на денот и во вечерните часови поради продорот на студената воздушна маса од север, услови за врнежи од снег ќе има понекаде и на пониските места, особено во западните предели. Ќе дува умерен до засилен ветер, најпрвин од југозападен и од западен, а потоа и од северен правец а температурите значително ќе опаднат и во среда ќе се искачуваат од 5 до 13 степени, меѓутоа кон крајот на денот и вечерта уште повеќе ќе опаѓаат.

Од четврток времето ќе се стабилизира, но наутро температурите на повеќе места ќе бидат под нулата со што ќе има појава на мраз. Истиот лошо ќе влијае особено врз земјоделските култури. Затоа земјоделците се советуваат со време да си ги заштитат своите земјоделски култури и посеви.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...