Приемот на пациентите се одвива според строго утврден протокол, по претходна консултација со инфектолог. Закажувањето на консултација со инфектологот се изведува преку Контакт центарот на болницата 02/ 30 99 500, а докторот е достапен и преку услугата за online консултации.

Објавил: Владо Марин | 12 септември, 2020 9:04

ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ НАЈСОВРЕМЕН И ДОКАЖАН ТРЕТМАН НА ПАЦИЕНТИ СО КОВИД-19

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со комплетно кадровски и технолошки опремен Центар за третман на пациенти со Ковид-19. Центарот има посебен влез и е целосно изолиран и одделен од другите оддели во болницата, со цел да се обезбеди максимална заштита за пациентите и медицинскиот персонал.

Приемот на пациентите се одвива според строго утврден протокол, по претходна консултација со инфектолог.

Закажувањето на консултација со инфектологот се изведува преку Контакт центарот на болницата 02/ 30 99 500, а докторот е достапен и преку услугата за online консултации.

AcibadeSistina web

Лекувањето на пациентите во Ковид-центарот се одвива според одобрени протоколи на Светската здравствена организација, Министерството за здравство на Македонија, како и според веќе утврдените протоколи на здравствената групација „Аџибадем“ и на престижната JCI организација. Во третманот на пациентите со Ковид-19 е вклучен еминентниот инфектолог д-р Патриција Каламарас и д-р Хараламбос Сидиропулос.

Во зависниот од здравствената состојба и настанатите компликации во грижата за Ковид-пациентите на располагање е целиот експертски мултидисциплинарен тим од 260 специјалисти и искусни медицински сестри.

Покрај третманот на Ковид пациентите, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е единствената болница во земјава која ги нуди сите достапни тестови за детекција на коронавирусот со експресни резултати: стандарден и итен PCR молекуларeн тест, како и брзи серолошки тестови за детекција на антителата IgG I IgM.

 Болницата нуди и можност за организирано тестирање на територијата на цела Македонија, со мобилна екипа, а по претходно барање од институции и организации.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е првата болница во земјава и регионот која со примена на ЕКМО технологија го спаси животот на 45 годишен пациент со Ковид -19 во исклучително тешка здравствена состојба со прилично напредната ковид–пневмонија.

 Во третманот на пациентот беше вклучен мултидисциплинарен тим доктори од болницата „Аџибадем Систина“ – д-р Митко Караѓозов, шеф на тораковаскуларна хирургија, проф. д-р Александар Николиќ, шеф на кардиохирургија, д-р Димче Славевски, шеф на кардиохируршка анестезија со интензивно лекување, Петар Трајкоски и Сашо Стоилов, кардиоперфузионисти, д-р Никола Шиков, шеф на општа – интензивна нега и инфектолозите д-р Патриција Каламарас и д-р Хараламбос Сидиропулос.

Ова е и првиот пациент во Македонија кој е излекуван од Ковид-19 со примена на оваа технологија. Отсега овој апарат ќе се применува и при лекувањето на други пациенти со тешки компликации предизвикани од инфекцијата со коронавирусот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...