Резултатите од PCR-тестовите може да се преземаат од официјалната страница, со претходно добиен код издаден при наплата во самиот пункт за ковид-тетстирaње или директно на пултот во болницата. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нема претставништва за ковид-тестирање надвор од градот Скопје.

Објавил: Перо Милчин | 2 март, 2021 19:30

ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ PCR-ТЕСТОВИТЕ СЕ ПРАВАТ ИСКЛУЧИВО ВО СПЕЦИЈАЛНИОТ ПУНКТ ВО СКЛОП НА БОЛНИЦАТА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со најголемата приватна лабораторија на Балканот каде што PCR-тестовите за Ковид-19 се изведуваат по строго утврдени протоколи и правила.

Тестирањата се прават единствено во специјалниот пункт за ковид-тестирање сместен во склоп на болницата по претходно закажан термин или без закажување, а примероците (брисеви) ги земаат само и исклучиво официјални медицински лица, вработени во болницата.

Издадените резултати од PCR-тестовите се верифицирани со два печати, со основен (кружен) печат и факсимил печат. По барање на пациентите, печатениот резултат од PCR-тестот може да биде бесплатно преведен и на англиски јазик и исто така верифициран со два печати.

Резултатите од PCR-тестовите може да се преземаат од официјалната страница, со претходно добиен код издаден при наплата во самиот пункт за ковид-тетстирaње или директно на пултот во болницата. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нема претставништва за ковид-тестирање надвор од градот Скопје.

Цената на PCR-тестот за детекција на SARS-CoV-2 вирусот во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ изнесува 2.700 денари. Резултатите се издаваат истиот ден во зависност од времето кога тестот е направен.

pcrfamilijarno
Болницата нуди и фамилијарен пакет – тестирање на над 3 члена од семејство по цена од 2.500 денари по лице и пакет групно тестирање за компании – над 3 три лица по цена од 2.500 денари по лице. Групните тестирања се нудат исклучиво на компании и институции со претходен официјален договор.

За граѓаните кои имаат потреба од брзи резултати Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди и ургентнен PCR-тест по цена од 12.000 денари, а резултатите се добиваат максимум за 2 часа. И овие тестирања се изведуваат само во специјалниот пункт на болницата, по строго утврдени правила и со претходно закажување.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ поседува најсофистицирана лабораториска опрема за обработка на PCR-тестовите. Истите се изработуваат според меѓународно признат стандард и ги исполнуваат највисоките критериуми за квалитет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...