По добивањето политички азил за политички прогон, дури и грчкиот премиер Ципрас ја премолче одлуката на официјална Будимпешта, иако Груевски ги спомна уставните измени

Објавил: Мартин Попоски | 21 ноември, 2018 7:09

Во Грција молк по азилот на Груевски

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Иако на насловните страници на сите печатени медуми и во ударните вести на телевизиите, официјална Атина со молк ја пречека информацијата дека поранешниот премиер на Македонија добил политички азил во Унгарија.

Печатените медиуми со наслови кои повеќе наликуваат на констатации без да се впуштаат во коментари или оценки и проценки на одлуката на официјална Будимпешта.

Груевски се спаси во Унгарија, потврди дека доби политички азил“; „Груевски потврди дека доби азил во Унгарија“; „Унгарија му даде политички азил на Груевски“; „Унгарија: Груевски доби политички азил“, се дел од насловите на текстовите, во поголемиот дел, преземени од текстот на грчката новинска агенција АНА-МПА, во изданијата на грчките медиуми за добиениот азил во Унгарија за поранешниот македонски премиер.

Медиумите кај јужниот сосед, околу час и половина по објавениот статус на Груевски на Фејсбук, ја пренесоа информацијата и дел од неговиот став.

Грчката новинска агенција потсетува дека Груевски побегна пред една седмица, а во периодот од 2006 до 2016 беше премиер.

Грчката државна телевизија ЕРТ, во кусото издание на вестите во 18 часот по локално време, ја објави веста и коментираше дека Унгарија му дала азил на Груевски и покрај реакциите и потсети дека унгарскиот премиер Виктор Орбан го поддржал поранешниот македонски премиер, пред последните парламентарни избори кај нас.

Во голем дел од електронските изданија на грчките медиуми, веста за азилот во Унгарија за поранешниот македонски премиер, се најде на почетните страници, во главните вести.

Грчките медиуми немаат коментари на обвинувањата упатени од Груевски на адреса на премиерот Заев и Катица Јанева дека сепак вршеле уцени и притисок за поддршка за уставни измени согласно процесот за имплементирање на Преспанскиот договор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.