Македонија со отворени раце го прифати Христијанството кое е камен темелник на западната цивилизација.

Објавил: admin@magazin | 7 јануари, 2020 15:26

Во домот на Мицкоски паричката падна кај сопругата, а за прв пат по многу години кај Оливер Спасовски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во домот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, после шест години паричката се паднала кај неговата сопруга.

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, со сопругата присуствуваше на литургијата во црквата „Свети Ѓоргија” во Охрид, од каде им го честита на сите православни верници Божик со желби за мир, спокој и радост.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски им го честиташе празникот на сите граѓани кои денеска го славата Христовото раѓање. „Ова е празник на чесноста, празник на храбри одлуки, празник на активности на дело.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев заедно со сопругата, Зорица присуствуваа во посета на Водочки манастир „Св.Леонтиј“ во струмичко. 

„Христовото раѓање потсетува на одговорноста пред којашто сме исправени, да стоиме искрено и храбро на страната на вистината, правдата, мирот и љубовта. Затоа, на Божик секој нека го почувствува огнот на светлината и топлината, што водат кон радоста и солидарноста, напиша Заев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во божикната честитка на верниците им посака мир и благосостојба, многу среќа, здравје, спокој и љубов.

Македонија со отворени раце го прифати Христијанството кое е камен темелник на западната цивилизација. Учењето Христово нека е ѕвезда водилка за секој еден од нас, неговите дела, пожртвуваноста, мудроста, љубовта нека служат за пример. Традиционалните вредности се оние кои не обединуваат како народ, како општество и се вредностите кои ни го поплочуваат патот за просперитетна и успешна Република Македонија.
Христијанството не учи на надеж, надеж за подобро утре кое со посветеност и работа можеме заеднички да го изградиме за нас и иднините поколенија.

Македонија е пред големи предизвици, но верувам во мојот народ дека ќе донесе одлуки кои ќе значат сигурност, правда и обнова. Да ставиме крај на поразите, доаѓа времето на чесни и принципиелни луѓе кои ќе работат во интерес на народот. Ќе ставиме крај на тонењето и неправдите. Македонија има луѓе за нови победи и успеси, а нивната шанса доаѓа допрва, пишува во честитката на Мицкоски.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во божикната честитка на граѓаните им посака здравје, среќа, спокој и благосостојба.

– Божик е голем и значаен православен празник со кој се слави раѓањето на Исус Христос и не соединува во искрените взаемни желби за меѓусебно разбирање и почит. Со векови славиме, се почитуваме, веруваме и се радуваме заедно, порача Ахмети.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.