Во канадската покраина Квебек, 1.212 граѓани пријавиле голема материјална штета поради поплавите.

Објавил: admin@magazin | 1 мај, 2019 9:55

Во Источна Канада поради поплави евакуирани повеќе од 10.000 лица!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Повеќе од 10.000 лица беа евакуирани во источна Канада последните неколку денови, поради поплавите и повишувањето на нивото на реката која го промаши рекордното ниво, кое беше последно забележано во 2017 година.

Локалните власти денеска соопштија дека поради пролетните поплави кој ја зафатија источна Канада, евакуирани се повеќе од 10.000 лица.

Од градот Сент Март Ле Лак, западно од Монтреал, во текот на викендот беа евакуирани повеќе од 6.000 лица поради пукање на природниот насип на реката, наведоа властите и додадоа дека ситуацијата полека се смирува.

Властите во Канада соопштија дека значително пораснало нивото на реката Отава, а експертите сметаат дека водостојот во наредните дена и понатаму ќе расте, јавува Anadolu Agency (AA).

На целото подрачје, провинцијата Квебек која е најповеќе погодена со пролетните поплави, каде се евакуирани повеќе од 10.000 лица.

Официјалните претставници на градот Отава, пред два дена изјавија дека од 19 април на спречување на поплавите биле ангажирани околу 5.500 доброволци, заедно со 7780 припадници на канадските вооружени сили.

Во покраината Квебек во Канада, 1.212 граѓани пријавиле голема материјална штета поради поплавите.
Канадските власти соопштија дека е прогласена вонредна состојба за најмалку 14 подрачја, вклучувајќи ги и Отава, Кларенс-Рокленд и Понтијак.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести