На состанокот e констатирано дека пред државава и граѓаните се нови историски можности, коишто се гледаат во евроинтеграцискиот процес и во економскиот развој и во таа насока е пренесена цврста поддршка од Канада и за евроинтеграциите и за унапредувањето на економијата!

Објавил: Владо Марин | 30 септември, 2020 20:58

Средба Заев-Чаба: Пред граѓаните и државата се нови историски можности во евроинтеграциите и економијата

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Премиерот Зоран Заев имаше средба со Катлин Чаба, амбасадорка на Канада, која го завршува својот мандат во нашата држава.

На состанокот бешe констатирано дека пред државава и граѓаните се нови историски можности, коишто се гледаат во евроинтеграцискиот процес и во економскиот развој и во таа насока е пренесена цврста поддршка од Канада и за евроинтеграциите и за унапредувањето на економијата!

Премиерот Зоран Заев имаше средба со Катлин Чаба, амбасадорка на Канада, која го завршува својот мандат во нашата држава.

Македонија има континуирана поддршка од Канада и за евроинтеграциите и за унапредување на економијата.

На средбата со канадската амбасадорка, Катлин Чаба, изразив благодарност за пријателската и принципиелна поддршка од канадскиот премиер, Џастин Трудо, кој ја охрабрува и нашата држава и светот, со неговите позитивни политики, потенцираше Заев!

Потврда за добрите пријателски односи помеѓу Македонија и Канада е и соработката за време на здравствената криза. Пред двете држави се можности за поинтензивна соработка на економски план, како и меѓу министерствата за внатрешни работи и за одбрана.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести