Во бироата за вработување во земјава според нивните податоци се бараат 1.363 хигиеничари

Објавил: admin@magazin | 8 август, 2018 11:04

Во Македонија без работа 33 доктори на науки

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Хигиеничари на станбен и деловен простор е најбараната професија за вработување. Во бироата за вработување во земјава според нивните податоци се бараат 1.363 хигиеничари.

Меѓу најбараните се и продавачите за кои има објавено огласи за 366 вработувања, шивачите на текстил 220, келнери 193, возачи на такси 192, шивачи 165, општи работници 134, обезбедувачи 120, контролори на шиени и слични производи 99.

Се бараат и 99 програмери, 92 готвачи, 90 магационери, 77 административни службеници, 77 шанкери, 73 касиери, 58 возачи на камиони, 57 бравари, 51 ракувач со машина за пакување, 46 пекари, 44 администратори, 44 ракувачи со машина за печива, 40 работници во висока градба, 38 дистрибутери во малопродажба, 37 градежни работници и 35 помошници кувари.

Слободни работни места според податоците на Бирото за вработување се над 5.000.

Најмногу слободни работни места има во Скопје 3.516, следи Виница со 511, Кочани со 142, Куманово со 113, Битола со 107, Струмица со 105, Тетово 95 … 

Бројот на невработени лица заклучно со јули 2018 година изнесува 95.421. Најмногу има во Скопје 15.836, Тетово 11.469, прилеп 6.820 …

Најбројни невработени се оние без образование- 41.628, со непотполно средно образование-13.240, а со завршено средно се 26.584. Невработени со завршен факулет се 11.495, 909 магистри и 33 доктори на науки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Работа

Саемот трае 8 дена и е достапен 24 часа на ден преку сите десктоп и мобилни уреди. Сè што ви треба е интернет!

Отворени над 500 работни позиции: Во тек е најголемиот онлајн саем за вработување во Македонија и регионот

  Од 7 до 14 октомври посетете го најголемиот регионален онлајн-саем за вработување...

Нови работни места ќе има и за двајца манипуланти за големите корисници, кои ќе добиваат по 16.500 денари месечна плата, како и пет насочувачи, што ќе ја имаат истата плата.

Пошта распиша конкурс -се бараат 80 работници

Граѓаните уште не се задоволни од нивните услуги, но Македонски пошти набргу ќе добијат...