До крајниот рок, синоќа на полноќ, до Општинската изборна комисија во Прилеп се поднесени пет кандидатури за градоначалник и осум кандидатски листи за советници.

Објавил: Перо Милчин | 12 септември, 2021 9:58

Во Прилеп петмина кандидати за градоначалник и осум советнички листи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Прилеп петмина кандидати за градоначалник и осум советнички листи

До крајниот рок, синоќа на полноќ, до Општинската изборна комисија во Прилеп се поднесени пет кандидатури за градоначалник и осум кандидатски листи за советници, пишува Сител!

Според информациите од Општинската изборна комисија, кандидатури за градоначалник и советнички листи поднесоа коалициите на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ, и на ДОМ и ЛДП – Движење „Одлучно за Македонија“, партијата Интегра, како и еден е независен кандидат.

Следува проверка на кандидатите и во рок од 48 часа ќе бидат конечно објавени сите кандидати и кандидатски листи за иден градоначалник и совет на Прилеп. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.