Вкупниот број на заразени е 259.698, соопшти Министерството за здравство.

Објавил: Владо Марин | 28 август, 2020 7:01

Во Франција уште 6.111 заразени со коронавирусот, најмногу од укинувањето на карантинот

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во Франција вчера се регистрирани 6.111 нови случаи на коронавирусот, што е најмногу од укинувањето на карантинските мерки и второто најголемо дневно салдо регистрирано од почетокот на епидемијата.

Вкупниот број на заразени е 259.698, соопшти Министерството за здравство.

Исто така вчера во Грција беа регистрирани 259 нови случаи на коронавирус, меѓу кои и 25 туристи кои биле тестирани при влез во земјата.

Во последните 24 часа починале шест лица, што го зголеми вкупниот број жртви на 254, јавува АНА.

Од почетокот на епидемијата, потврдени се 9.531 случаи на коронавирус, од кои 1.975 се поврзани со патувања во странство!

Европската унија им обезбедува на производителите на вакцини само делумна заштита од законски ризици што би можеле да бидат резултат на можните негативни несакани ефекти на вакцината против „ковид-19“, соопштија европските власти!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.