На својот Фејсбук профил се пофали со црвен пипер на ќумбе спремен за печење, а во описот на фотографијата напиша Не е од бавча, ама дојде на ред.

Објавил: admin@magazin | 7 октомври, 2019 23:42

ВРЕДНИ ДОМАЌИНИ: Семејството Ременски ја спреми зимницата, па ќе се јаде АЈВАР цела зима!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеничката Ременски ги покажа своите домаќински способности па викендот на својот Фејсбук профил објави дека е вредна жена, посветена мајка и сопруга.

Таа покрај секојдневните обврски кои ги има како пратеник успеа да одвои време и да направи зимница. На својот Фејсбук профил се пофали со црвен пипер на ќумбе спремен за печење, а во описот на фотографијата напиша: Не е од бавча, ама дојде на ред.

ФРОСИНА РЕМЕСКИ ВРЕДНА ДОМАЌИНКА: Минатиот месец на социјалните мрежи се пофали дека зготви малешевски специјалитет!

Таа често пати знае да се пофали со специјалитети и на пријателите им покажува колку всушност ужива во готвењето.

Ременски често пати знае на својот профил да се пофали со убави сочни домати, или друг зеленчук од својата бавча.

Пред неполн месец се пофали и со домашно подготвен доматен сос, или кај народот познат како Салца, а исто така се пофали и со подготвен малешевски специјалитет.

– На Малеш фоф гората горе. – порачува Ременски на Фејбук објавувајќи фотографии од јадење подготвено со јајца, колбасици и сланина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.