Утре и тоа особено претпладнето врнежи ќе има во најголем дел од државава, на ниските места ќе има врнежи од дожд, на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег.

Објавил: Перо Милчин | 19 февруари, 2020 7:43

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Од утре дожд и снег низ цела држава

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До крајот на денов облачноста постепено ќе се зголемува а особено навечер и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, на планините снег. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.

Утре и тоа особено претпладнето врнежи ќе има во најголем дел од државава, на ниските места ќе има врнежи од дожд, на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег.

Особено на север и на запад, повремено снежната граница има услови да се спушта и под 1000 м.н.в. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени.
Потоа од петок следува стабилизирање, а особено од недела и затоплување на времето.

Минималните температури на воздухот сепак од петок до недела ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени. На повисоките и планинските места ќе биде уште постудено.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...