Ќе има и локални послаби врнежи од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините.

Објавил: Владо Марин | 26 март, 2020 8:49

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Врнежи од дожд и снег во земјава!

Фото/Текст извор: ©Магазин

До крајот на денов кај нас ќе се задржи претежно облачно време. Ќе има и локални послаби врнежи од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец, истиот повремено на некои места ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно а ќе има услови и за слаби локални врнежи претежно од дожд. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 6 степени.

Во следните неколку денови ќе се задржи претежно облачно време.

На повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд и локално врнежите ќе бидат нешто поинтензивни, особено во јужните и во југоисточните предели.

На планините врнежите ќе бидат од снег. Максималните дневни температури и натаму ќе бележат тенденција на постепен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...