За време на викендот, и тоа особено во сабота, ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.

Објавил: Владо Марин | 29 јули, 2020 9:15

Времето денеска: Сончево и топло со температури до 40-от степен

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денес и во следните неколку денови, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на многу топла воздушна маса која, како што веќе кажавме, продира од северните предели на Африка. Времето ќе биде сончево и многу топло со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени.

За време на викендот, и тоа особено во сабота, ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.

Исто така, за време на викендот се очекува и незначително опаѓање на температурите, особено во недела и во понеделник, но и понатаму ќе остане многу топло.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со максимални дневни температури кој ќе се искачат до околу 38 степени. За викендот, и тоа особено во сабота ќе има услови за нестабилност. УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНА вредност и ќе има коефициент помеѓу 9 и 10.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...