Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Објавил: Владо Марин | 14 јули, 2020 8:04

Времето денеска: Услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, повремено ветерот на некои места ќе засилува.

Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 28 степени.

Потоа во следните денови, во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи. Отсега гледано, поголема нестабилност и на повеќе места со врнежи и грмежи ќе има за време на викендот.

Максималните дневни температури во текот на следните неколку денови ќе бележат тенденција на не многу голем пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...