Тој е втор најактивен вулкан на Филипините со 33 историски ерупции. Сите овие ерупции се концентрирани на самиот остров, познат како Вулкански Остров, во близина на истоименото езеро.

Објавил: admin@magazin | 15 јануари, 2020 21:27

Вулканот Таал направи хаос на Филипините: Има починати, пепелта ги заслепе жителите(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вулканот Таал во близина на Манила исфрли лава, дислоцирани се речиси 82.000 лица.

Како што објавија медиумите аеродромот во главниот град на Филипините е привремено затворен, а луѓето принудно ги напуштија домовите.

Според неофицијални информации се претпоставува дека починале од срцев удар поради ерупцијата на вулканот Таал во непосредна близина на филипинската престолнина Манила, каде што се дислоцирани речиси 82.000 лица.

Жителите се евакуирани од градовите во Батангас и блиската провинција Кавита, но некои мажи останале да ги чуваат своите имоти и добитокот. На 12 јануари еруптираше вулканот, испуштајќи пепел и пареа на височина од 8 километри на небото.

Тој е втор најактивен вулкан на Филипините со 33 историски ерупции. Сите овие ерупции се концентрирани на самиот остров, познат како Вулкански Остров, во близина на истоименото езеро.

Таал сложен вулкан кој се наоѓа на островот Лузон на Филипините.

Тој е втор најактивен вулкан на Филипините со 33 историски ерупции. Сите овие ерупции се концентрирани на самиот остров, познат како Вулкански Остров, во близина на истоименото езеро.

Езерото делумно ја исполнува купата на вулканот, која била формирана од праисториски ерупции помеѓу 140.000 и 5.380 пред сегашноста. Гледано од Тагајтај, вулканот и езерото претставуваат еден од нај живописните и привлечни погледи на Филипините .

Се наоѓа на околу 50 километри јужно од главниот град на земјата, градот Манила.
Вулканот имал неколку насилни ерупции во минатото, предизвикувајќи губење на животот на островот и населените области околу езерото, при што бројката на загинати се проценува на околу 5.000 до 6.000.

Поради близината кон населените области и нејзината еруптивна историја, вулканот е прогласен за Декаден вулкан, идентификувајќи се како достоен за одредена студија како дел од програмата на ООН за намалување на природните катастрофи. Сите вулкани на Филипините се дел од Тихоокеанскиот Огнен Прстен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.