Вулканот Тангкубан Параху денес се активира, по што е издадено предупредување за опасност.

Објавил: Перо Милчин | 26 јули, 2019 17:11

СТРАШНО: Се активираше вулкан на островот Јава!

Фото/Текст извор: ©online magazin

Денеска вулканот Тангкубан Параху се активира и во висина исфрли пепел неколку стотина метри.

Вулканот Тангкубан Параху денес се активира, по што е издадено предупредување за опасност. Поради активирањето на вулканот затворено е туристичкото место во близина на Тангкубан Параху.

Денеска вулканот Тангкубан Параху се активира и исфрли пепел неколку стотина метри во висина.

Јава е остров во Малајскиот Архипелаг во групата на Големите Сундски Острови, Индонезија.

Лежи непосредно јужно од Екваторот, меѓу Јаванското Море на север и Индикот на југ. Во правец исток – запад се протега на околу 1.000 км. Зафаќа површина од 127.000 км².

На половината од островот се простираат планини со стотина вулкани, од кои 30 активни. Највисок врв е вулканот Семеру со 3.676 м. Многу густо населен остров со околу 125 мил. жители.

Поголеми градови се Џакарта, Бандунг, Богор, Јогјакарта, Маланг, Семаранг, Сурабаја и Суракарта. Други поголеми околни острови се Суматра и Бали.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.