Во тетовскиот универзитет продолжува праксата на непотизам.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 јуни, 2019 19:45

Вулнет Амети, до ректор со политика, наместо со наука!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Од 2013 година професор доктор Вулнет Амети, е ректор на Државниот универзитет во Тетово. Одлуката денеска ја донел Сенатот на ДУТ на ректорската управа, биле официјализирани кандидатурата на Амети и неговиот противкандидат професор д-р Фаузи Скендери.

Почитуван директоре на државниот просветен инспекторат и директор на државната комисија за спречување на корупција, Почитувани медиуми.

Вулнет Амети треба да се острани од позицијата ректор на Универзитетот во Тетово. Само видете ја официјалната веб страна на собранието www.sobranie.mk и споредете со ЦВ-то на Вулнет Амети и ќе видите дека во периодот кога е избран за доцент (ИСТО КАКО И АРБР АДЕМИ) бил пратеник 2008-2011.

Во Тетовскиот Универзитет врие од непотизам. Велат една слика вреди 1000 зборови, па видете самите.

Во тетовскиот универзитет продолжува праксата на непотизам. Но, се надеваме дека почнавте со промените и дека ДУИ и нивниот ректор во Тетовскиот Универзитет не се веќе најаките во оваа држава.

Во текот на нашите протести излеговме со 16 барања, но ништо не се исполни од ресорното министерство за образование и наука, затоа ова барање ви го пракаме вам (почитуван Директоре на ДПИ и ДКСК).

Барама итна постапка за:

1.Да се разреши Вулнет Амети (ректор на ТУ), бидејќи тој не ги исполнува условите да биде ректор. Се надеваме дека овој пат ДУИ нема да го поддржи а и вие нема да подлегнете на нивните барања и уцени. Вулнет Амети во времето додека беше активен пратеник на ДУИ беше избран за доцент. Ова е незаконско, исто како што е незаконско унапредувањето на Арбр Адеми и Агим Нухиу. Вулнет Амети за 16 месеци од доцент стана редовен професор. Нека провери инспекторатот, но НЕ и инспекторот чија ќерка се вработи како асистентка во тетовксиот универзитет. Нека провери инспекторот Илиевски и нека се увери.

2.Вулнет амети има над 40 свои луѓе вработени во Тетовскиот Универзитет. Во прилог ви е списокот со нивни слики. А истите ги наогате и во следните медиуми: https://daily.mk/names/drzhavniotuniverzitet , http://news-start.info/wordpress/2018/06/06/nepotizem-nga-rektori-vullnet-ahmeti-i-u-tetove-largon-studentet-e-ekselences-dhe-puneson-ne-pune-familjaret-e-tij/ , https://magazinashqip.net/nepotizmi-ne-universitetin-e-tetoves-dhe-ne-ate-nene-tereza/ , https://infomagazin.net/2019/02/25/nepotizmi-ne-universitetin-e-tetoves-me-28-te-punsuar/,

3. Инспекторот од просветен инспекторат (чијја ќерка беше вработена во тетовски универзитет), функционерите на ДУИ кои се од тетово сите го прикриваат неговиот криминал, и го информираат за све што се превзема против него. Тој просто е информиран и кога ќе пристигне вонредната инспекција. Просто се знае и умешно се справува во секоја ситуација. Истото што го прават функционерите на ДУИ, го прави и Талат Џафери, проверете каде е вработена неговата ќерка!

Нема правда нема мир.

Истиот меил е испратен до Претседатеот на РСМ Стево Пендаровски, Премиереот Г. Зоран Заев, сите медиуми, како и сите Амбасади во Северна Македонија.

Бараме промени. Во рок од 7 дена почнуваат протестите.

Вулнет Амети е член на ДУИ. Роден на 18.10.1966 година во Тетово. Албанец. Доктор на науки по физичко воспитување. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Непотизам

Град Скопје ги потсетува граѓаните дела е во тек јавниот повик за доделување стипендии на средношколци со попречености, ученици во средните училишта на Град Скопје за учебната 2020/2021 година.

ВО ТЕК Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ

ВО ТЕК Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ! Град...

Како што иформираат тамошните медиуми, дваесет и петгодишниот Сејнур Бекири, по потекло од Македонија загина кога автомобилот во кој се возел излетал од патот и се забил во дрво, вчера вечерта во местото Кастиџано, кај Анкона во Италија.

ТРАГЕДИЈА: Момче од Македонија загина во сообраќајка во Италија

Трагедија на патиштата во Италија, загина македонски државјанин на местото Кастиџано. Како...