Како што наведе Вучиќ, Заев му се извинил откако медиумите го пренеле разговорот во кој македонскиот премиер кажал дека тој е руски човек.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 јули, 2019 10:50

Вучиќ: Заев ми испрати извинување, јас му кажав поздрав друже

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Српскиот претседател Александар Вучиќ, вчера беше гостин на ТВ Пинк. Тој меѓу повеќето теми се осврна и на последата комуникација меѓу него и македонскиот премеир Зоран Заев, околу случајот со руските пранкери.

Заев му се извинил на Вучиќ, по разговорите кои беа пуштени во јавноста, каде тој вели дека Вучиќ е руски човек.

Како што наведе Вучиќ, Заев му се извинил откако медиумите го пренеле разговорот во кој македонскиот премиер кажал дека тој е руски човек.

-Тој ми испрати извинување, ми испрати порака. Јас кажав поздрав друже, што друго да му кажеам, дали сум руски човек или не? Горд сум што сум Србин и што се борам само за Србија и добро е познато дека јас не сум ниту американски ниту руски човек, и тоа е тежината на мојата позиција и затоа мал број луѓе ме сакаат на власт во Србија, бидејќи јас сум човек на Србија и на нашите граѓани и на нашиот народ, рече Вучиќ.

Во врска со идејата за размена на територии на Косово, Вучиќ кажа дека „доколку некој му понудеше она за што Заев зборуваше, јас со двете раце тоа би го прифатил, но очигледно дека разговарал за тоа со некој кој малку знае за преговорите меѓу Белград и Приштина “.

Српскиот претседател денес во Белград го пречекува францускиот претседател Емануел Макрон, кој исто така, како и премиерот Зоран Заев, беше цел на руските пранкери.

(МИА)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести