Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска гласаше во 12.20 часот на избирачкото место број 27, каде гласаше и на претходните избори.
Пред гласањето, Вучиќ чекаше трпеливо во ред, како и сите други граѓани.
Вучиќ дојде на избирачкото место во зградата „Цептер Интернационал“.
Во пресрет на изборите, Вучиќ, како претседател на Република Србија, ги повика граѓаните да излезат на гласање, затоа што на Србија, како што посочи, треба силна влада и единство пред важните разговори за Косово и Метохија и со цел да се постигнат економски резултати и да се спроведе планот Србија 2025.
Денеска во Србија се одржуваат парламентарни, покраински и локални избори. Изборите требаше да се одржат на 26 април, но поради епидемијата со корона вирусот беа поместени за 21 јуни.
Гласањето започна во 7 часот, а ќе трае до 20 часот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.