Со реновирањето создадени се нови соодветни просторни услови, инсталирана е современа апаратура и спроведена е едукација на високо квалификуваниот медицински кадар.

Објавил: Перо Милчин | 14 септември, 2019 13:46

(ГАЛЕРИЈА)Реновирани простории и современа апаратура во Институтот за трансфузиона медицина!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство Венко Филипче, заменикот министер за здравство Асим Муса, вицепремиерот Бујар Османи и директорите на Институтот за трансфузиона медицина Седула Усеини и Авни Исмаили, денеска ги промовираа реновираните простории на Институтот, со што се овозможи многу подобри услови за работа и поквалитетни здравствени услуги.

Воведување на стандарди за квалитет во Институтот за трансфузиона медицина во согласност со препораките на Европскиот Директорат за квалитет во медицината и воведување на нов начин за прибирање на крв т.е. ладен ланец, пишува на социјалните мрежи Министерот за здравство Венко Филипче.

Институтот е позитивен пример за работа на јавна здравствена установа. Реновирани се просториите, обезбедени се нови комбиња, фрижидери и апарат за харвестрација на матични клетки.

Продолжуваме и во наредниот период со подобрување на условите во здравствените установи, вели Филипче.
Со реновирањето создадени се нови соодветни просторни услови, инсталирана е современа апаратура и спроведена е едукација на високо квалификуваниот медицински кадар.

Имплементацијата на планот за унапредување и стандардизација на Институтот за трансфузиона медицина, ја постигна целта – услови за работа соодветно на ЕУ стандардите и препораките, тврди министерот.

Институтот за трансфузиона медицина во Скопје е најголема трансфузиолошка единица во установата и располага со најголемите резерви на крвни компоненти кои бараат соодветни услови за чување обезбедени преку апарати приклучени на електрична енергија.

За одржување на истите, Институтот доби агрегат како донација и со тоа е загарантирано непречено снабдување со електрична енергија и во екстремно ситуации.

[ngg src=”galleries” ids=”14″ display=”basic_thumbnail”]

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...