„Во тек е прибирање на вербални и материјални докази со кои треба да се утврди причината за настанатиот пожар“.

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 септември, 2021 4:13

Германските истражители почнаа со работа во Тетово

Фото/Текст извор: ©сител

Со скафандери и специјална крим опрема форензичарите од Германија влегоа во опожарената модуларна болница во Тетово. Од вчера наутро подготвени со сопствена опрема го почнаа увидот заедно со тимот форензичари од МВР и јавните обвинители од Скопје и Тетово.

Прибираа доказен материјал и за цело време фотографираа. Беа поделени од двете страни на модуларната болница. Двајца од тимот се за истрага на пожар, а двајца се форензичари за ласерско мерење и фотографирање на просторот.

Сите докази кои ќе ги соберат ќе ги вештачат и анализираат во германска лабораторија.

Резултати нема ниту од досегашниот увид кои го вршеа македонските екипи. Од обвинителството не откриваат колку време ќе останат германските форензичари ниту што се ќе им биде потребно за да помогнат со експертизата.

Од ОЈО за Сител краткосоопштија:

„Во тек е прибирање на вербални и материјални докази со кои треба да се утврди причината за настанатиот пожар“.

Од 12 повредени во пожарот 8 се пуштени на домашно лекување, а останатите 4ца се во стабилна состојба но се уште во болница. Лекарскиот тим кој бил на дежурство во кобната ноќ, е вратен на работа и се во добра здравствена состојба. Деновиве е намален бројот на хоспитализирани во тетовската болница.

Во катастрофалниот пожар во тетовската модуларна болница загинаа 14 луѓе. Пожарот избувна вечерта на 8ми септември, кога за неколку минути беше проширен и го пеплоса целиот објект!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести