Фрики и госпоѓа, висок функционер и во невладината организација на Коки, која служела за формално покривање на милионскиот рекет.

Објавил: Перо Милчин | 20 јули, 2019 18:27

ГЕРОСКИ ФРЛА БОМБИ НЕМА МИЛОСТ: Порака до Фрики и Кики – ова треба да сторите во следните 48 часа!

Фото/Текст извор: ©плус инфо

Кики беше висок функционер во СДСМ. Самиот Коки, во последното интервју на својот медиум, го нарекол “добар пријател” или “другар”. Е сега, не е исто да си обичен рекетар што стасува до половно “БМВ” и да си фраер кој за другар го има високиот партиски функционер Кики, а за соработник високата државна функционерка Фрики, која згора и му пеела на журка, пишува во најновата колумна новинарот Бранко Героски!

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека тој не ги познава Фрики и Кики. Го разбирам потполно. Еве, сосема накусо, ќе се обидам да појаснам некои нешта.
Фрики и Кики се вистински ликови, високо позиционирани во СДСМ и во власта. Тие се блиски до ликот кого јас го именував како Коки и за чии рекетарски подвизи пишував со езоповски јазик, во неколку продолженија.
Како се блиски? Еве вака, друже Заев.

Фрики и госпоѓа, висок функционер и во невладината организација на Коки, која служела за формално покривање на милионскиот рекет. Самиот тој факт ја прави госпоѓата објективно одговорна за овие злодела.
И тоа ќе го дообјаснам. Една работа е некому да се обрати некоја обична невладина организација со барање за поддршка (па и со рекетарска уцена), а друго е тоа да го стори НВО во чиј врв стои така проминентна личност, со неспорно политичко влијание и со блискост со премиерот и со сите министри и со други државни функционери.

Кики беше висок функционер во СДСМ. Самиот Коки, во последното интервју на својот медиум, го нарекол “добар пријател” или “другар”. Е сега, не е исто да си обичен рекетар што стасува до половно “БМВ” и да си фраер кој за другар го има високиот партиски функционер Кики, а за соработник високата државна функционерка Фрики, која згора и му пеела на журка.

Ниту сум напишал ниту тврдам дека Фрики и Кики рекетирале и дека лично се офајдиле од рекетот.

За тоа не знам. Тоа треба да го провери истрагата. Но, неспорно е дека и Кики и Фрики му овозможувале на Коки да остварува контакти при неговите рекетарски обиди, а тој ја (зло)употребувал блискоста со нив, но и со други луѓе во СДСМ, за да биде поуспешен во своите походи.
Во најмала рака, Фрики, Коки и другите биле фацилитатори на милионскиот рекет, за што мора да сносат морална и политичка одговорност. А за нивната евентуална кривична соодговорност одлучува истрагата, која не смее да се попречува.
Затоа, госпоѓо Фрики и другар Кики, да сум на вашето место, јас под итно би сторил две работи.

Прво, би му се јавил на Заев и би му го кажал следново:
– Шефе, свесен (свесна) сум дека со мојата блискост и со контактите со Коки, како и со тоа што го препорачував кај други луѓе, му овозможив да ги засили своите рекетарски позиции. Така се искомпромитирав себеси, но и тебе, шефе, како и нашата партија. Во духот на декларацијата што ја донесовме пред некој ден, прифаќам политичка одговорност за својата непромисленост.

Поднесувам оставка на сите функции.
Второ, би му се јавил на надлежниот обвинител и би му го кажал следново:
– Обвинителе, јас имав блиски контакти со лицето Коки и ви стојам на располагање за сите потребни информации во врска со милионскиот рекет. Моја граѓанска должност е да соработувам со истрагата, дури и во случај да бидам осомничен (осомничена).
Госпоѓо Фрики и другар Кики, јас најдругарски ви предлагам ова да го сторите без одлагање, во следните 48 часа. Тоа му го должите на Заев, но и на СДСМ, а пред сė на граѓаните на оваа земја.

Ако размислите добро, ќе сфатите дека тоа си го должите и себеси.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...