Сега му е најпотребна поддршката од било кога

Објавил: admin@magazin | 17 јуни, 2018 22:51

Голема поддршка од сите страни за претседателот Иванов (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Иако и претходно претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов имаше голема поддршка од народот, но од денеска и после неговата прес-конференција на која што истакна дека нема да го потпише договорот за спорот со името со Грција и после денешното потпишување на истиот од страна на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција поддршката за Иванов почна да пристигнува од сите страни на светот, а таков пример се Македонците од Швајцарија.

Имено, македонските иселеници во Швајцарија го охрабруваат претседателот да истрае во неговата одлука и за ги заштити интересите на Македонија и на македонскиот народ.

Инаку и вечерва се протестираше пред Собранието на Република Македонија, а протестот беше организиран од страна на навивачката група „Комити“. Во еден момент полицијата со солзавец и шок бомби успеа да ги растера луѓето кои што протестираа против промена на уставното име на Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести