Двајцата загинати биле браќа кои работеле во компанијата каде што сопственик бил нивниот татко.

Објавил: admin@magazin | 1 јуни, 2019 13:15

Голема трагедија во Чаир, двајца браќа загинаа при отворање на канал!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Две лица загинаа, додека едно лице доби тешки телесни повреди како резултат на падот на земјата при отворање на канал.

Според неофицијални информации, двајцата загинати биле браќа кои работеле во компанијата каде што сопственик бил нивниот татко.

Тешката несреќа се случила во близина на основното училиште “Пенко” во Чаир.

Едно лице е тешко повредено, при рушење на земја од ископ на канал во близина на зграда на улицата Кемал Сејфула во скопски Чаир.
Од противпожарните служби изјавуваат дека несреќата се случила околу 11 часот .

Во моментот кога тие пристигнале на местото на несреќата, двајцата работници веќе биле починати на лице место, но екипите успеале да извлечат жив само еден работник кој е тешко повреден и згрижен во Градската болница Наум Охридски.

Градежниците работеле на местото кога врз нив се одронил куп земја. Двајца од нив загинале на самото место.
Од МВР се уште нема официјална потврда за настанот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...