Кои се причините за пожарот сеуште не се знае, но сознанијата до кои што дојдовме велат дека дежурен на траката бил работник кој неодамна бил примен во РЕК Битола.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 јули, 2019 13:35

Голем пожар во рудникот за јаглен Суводол: РЕК Битола со штета од стотици илјади евра! (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Економски лидер

Ноќта во петокот спроти саботата во ископот Суводол, според информации на Економски Лидер се случил тежок инцидент во кој избил пожар на претоварната трака за јаловина.пренесува порталот ЕКОНОМСКИ ЛИДЕР.

ФОТО: Економски Лидер

Кои се причините за пожарот сеуште не се знае, но сознанијата до кои што дојдовме велат дека дежурен на траката бил работник кој неодамна бил примен во РЕК Битола.

Два дена по инцидентот властите молчат и не соопштуваат ништо за случајот, кој според неофицијалните проценки предизвикал штета од неколку стотици илјади евра.

Медиумите и јавноста во неколку наврати алармираа дека политичакта пресметка со професионалците и примањето на неискусни кадри само заради политичката опрделба на сензитивни позиции може да резултира со огромни штети.

Извори од РЕК ни го потврдија инцидентот и ни кажаа дека на екипите им требаше неколку часа за да го локализираат и изгаснат пожарот, а голем дел од раководството во тие часови наместо на лице место, било ангажирано околу изборните собранија на СДСМ во Битола и Новаци.

Извор: Економсли Лидер

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести