Како што објави весникот најмалку пет луѓе од Србија се решиле да купат земјиште во Македонија за да одгледуваат канабис за медицински потреби. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 август, 2019 23:40

ГОЛЕМ СКАНДАЛ: Премиерот Заев издал лиценца за одледување марихуана на криминалци од Србија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Контроверзен бизнисмен вложил десетици милиони евра во насади, пишува угледниот српски весник Novosti.

Како што објави весникот најмалку пет луѓе од Србија се решиле да купат земјиште во Македонија за да одгледуваат канабис за медицински потреби. 

Најмалку пет лица купиле земјиште во Македонија за легално да одгледуваат канабис за медицински цели

Весникот објави дека всушност србите дошле први на повикот на премиерот Зоран Заев, да инвестираат во производување на лек од канабис, затоа што тоа е профитибилно. Имено премиерот во април 2018, ги повика сите кои имаат пари да вложат во производување на лек од канабис, и тогаш најмалку пет луѓе од подземјето, што со директно купување, што преку партнерство со македонските “колеги”, станаа сопственици на плодни полиња со коноп, во оваа држава.

Еден контроверзен бизнисмен од Србија до сега вложил неколку  милиони евра во тие насади, изјавил извор на “Novosti” близок на разузнавачките служби. Најпрвин со македонски партнер купил земја, потоа ја обработиле како треба, но обезбедиле и жица и капија. Имаат и 24 часовно обезбедување, што е еден од законските услови. Направено е и вештачко наводнување, и заштита од временски непогоди.

Весникот објави дека не само бизнисменот туку и неколку нарко-босови кои се позади решетки го следеле неговиот пример. Додека на вистинските бизнисмени им требаше време да реагираат на новите потреби на пазарот, луѓето од другата страна на законот, внимателно ги следеа медиумите, особено кога станува збор за промена на прописите за легализација на марихуаната во медицински цели.

-Со закон во Македонија е дозволено одгледување на канабис за медицински цели и правење лек и до сега се издадени осум лиценци, а уште четири или пет се во процедура, порачаа од северномакедонската влада (така не нарекуваат Србите). Заев изјавил дека лично ги подржува ваквите бизниси. Имено од производство на лекови од канабис државата очекува нови работни места и годишно најмалку 100 милиони евра прилив, што е 0,1% од БДП.

Компаниите кои се занимаваат со овој бизнис, почнале да го извезуваат и сушениот цвет од канабистот за преработка на масло на пазарите во Посла и Германија. Низ цела Македонија, но и Хрватска ( е легализирано производството, освен плантажи со канабис, изградени се и стакленици каде се одгледува оваа билка. Македонците најчесто во тие бизниси влегуваат заедно со српски државјани, но ги има и од Словенија, кои поседуваат фабрики за производство на лекови од канабис во Германија и Полска. Во последно време се заинтересирани и црногорски државјани кои се поврзуваат со трговијата со дрога.

– Тие кои не можат да регистрираат вакви компании во Македонија, бидејќи имаат досие и се осудувани, за бизнис партнери избираат “чисти” државјани од оваа земја, објаснува изворот на Novosti. –

Тие вложуваат само пари, а на таков начин купуваат и “чисто” потекло на нивните пари.

Сепак, новиот бизнис на српските криминалци, но и тие од регионот, будно ги следат и службите за безбедност. Тешко е да се помисли дека ќе се задржат само на легално одгледување и продажба. Наркотиците на црно и понатаму се најисплатливи.

Пратиме се што се случува, посебно  движењето на парите – предупредуваат лицата од службите за безбедност за Novosti.

извор Курир.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести