На тој начин, убиството на иранскиот генерал Трамп веќе го вклучи во својата предизборна кампања, со оглед на тоа што оваа година во САД се одржуваат претседателските избори.

Објавил: Весна Петровска | 10 јануари, 2020 12:31

ГО ФАТИВМЕ ЧУДОВИШТЕТО, И ГО УНИШТИВМЕ: Трамп за убиството на Сулејмани

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранскиот генерал Касим Сулејмани кој неодамна беше убиен во напад со дрон, планирал да ја крене во воздух американската амбасада во Багдад.

„Ќе го кажам ова – фативме тотално чудовиште, го уништивме. Тоа требаше да се случи многу порано. Го направивме тоа затоа што имаше намера да ја крене во воздух нашата амбасада. Го направивме тоа и од други очигледни причини. Некој загина, еден од нашите луѓе од војската загина. Луѓе беа тешко ранети само една седмица претходно“, изјави Доналд Трамп, пренесува „Политико“.

Нешто претходно, на митинг во рамките на својата предизборна кампања во Толедо во Охајо, Трамп порача дека првиот човек на елитната единица Кудс при иранската Револуционерна гарда имал намера да нападне повеќе американски амбасади.

„Сулејмани активно планираше нови напади на нашите амбасади и тоа не само во Багдад. Но, ние го сопревме“, порача американскиот претседател Доналд Трамп.

На тој начин, убиството на иранскиот генерал Трамп веќе го вклучи во својата предизборна кампања, со оглед на тоа што оваа година во САД се одржуваат претседателските избори.

Неговиот настап во арента во Толедо беше неговиот прв овогодишен собир во кампањата за претседателските избори, со што ја потврди важноста на Охајо за освојување на вториот претседателски мандат. Трамп во оваа американска сојузна држава на изборите во 2016-та година победи, откако претходно два пати триумфираа Демократите, односно неговиот претходник Барак Обама.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.