Законот за амнестија според Пировска не е она за што граѓанскиот кој ортачеше со Заев се бореше, но пратениците Богоевски и Туферчиќ очигледно сега мислат поинаку

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 декември, 2018 10:48

Граѓанскиот “му писна” на Заев, си ја преземавте улогата на делител на правдата

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По синоќешното изгласување на законот за амнестија, извршниот директор на Хелсиншки комитет на Македонија, Уранија Пировска, реагираше на социјалните мрежи.

Како што порача таа, правдата не живее во Македонија, а власта си ја презема улогата на делител на правдата.

Власта си ја презема улогата на делител на правдата и со тоа ги премина границите до каде што може да оди во практикувањето на својата моќ, вели Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет, активна учесничка во Шарената револуција, по донесувањето на Законот за амнестија во Собранието.

’Ќе си лежите!’ Кој ќе лежи? Типот што украде ќебапчиња! Јустиција не живее во Македонија.

Во Македонија живеат луѓе што се помирија дека ќе живеат во неправда, но во мир? Не може да има мир без правда!

Тоа беше и ќе остане мојот spiritus movens во сите битки за општество кое треба да обезбеди достоинствен живот на граѓаните.

Власта си ја презема улогата на делител на правдата и со тоа ги премина границите до каде што може да оди во практикувањето на својата моќ.

Сега, освен што треба да си направиме масовно харакири, треба да разбереме дека и во услови на режим, многу внимателно треба да се бираат сојузниците во борбата за слобода.

И така, борбата продолжува!– напиша Пировска

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести