Тој истакна дека очекува попозитивни времиња со Пендаровкси,кој како што вели е нивни претседател. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 мај, 2019 11:35

Груби: Нема да испорачуваме фактури но ДУИ беа пресуден фактор за победата на Пендаровски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеникот на ДУИ Артан Груби, на прес конференција му ја честита на Пендаровски новата функција и истовремено го потсети дека ДУИ и политиките на Али Ахмети беа клучните фактори кои ја запечатија оваа победа.

„Пендаровски е наш кандидат и сметаме дека сме одлучувачки, пресуден фактор во неговата победа и нема што да испорачуваме фактури на нашиот кандидат што победи на овие избори . ДУИ беа пресуден, одлучувачки фактор во неговата победа. Најголемата фактура која што е испорачана е консензуалноста со тоа што победија политиките на Али Ахмети и ДУИ кои што ги промовираме уште од 2014 година. Поголема фактура од тоа неможе да постои“, рече Груби.

Шефот на кабинетот на претседателот на ДУИ и пратеник , Артан Груби веднаш по инаугурацијата на Пендаровски во Собранието изјави дека Пендаровски треба да го предводи големото помирување меѓу политичките партии и лидери .

Инаку Груби веќе во неколку наврати имаше изјавено дека на Македонија и е потребен кандидат кој ги обединува сите граѓани, сите заедници, и го бара гласот на сите, а не моноетнички партиски кандидат, па затоа се одлучиле за поддршка на ДУИ,за Пендаровски. Тој истакна дека очекува попозитивни времиња со Пендаровкси,кој како што вели е нивни претседател. 

Се надевам дека по десет години од владеењето на Ѓорге Иванов како претседател ќе видиме попозитивни времиња, во кои цела држава со сите капацитети ќе бидат ориентирани кон Запад и дека ќе се успее час поскоро да се добие датум за отпочнување преговори со Европската Унија и да го заокружиме целосното членство во НАТО, истакна Артан Груби од ДУИ по инаугурацијата на новиот претседател Стево Пендаровски.

Груби потенцира дека со Пендаровски државата ќе може во најскоро време да стане членка на НАТО и на ЕУ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести