Викиликс ја тресе фотелјата на грчките политичари, но и премиерот Заев, само Груевски е дециден дека имал свои принципи и не прифатил промена на името, Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 септември, 2018 7:03

Груевски: Ако се согласев на се што бараа Грците сега ќе беше друга песна

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од грчко на македонско тло се префрла дебата меѓу политичките противници на тема – решение за името во тајните документи од Викиликс.

Додека грчката опозиција обвинува дека со прифаќењето на „Северна Македонија“ се исполнуваат десет години старите барања на Македонија, македонската јавност бара одговор од поранешниот премиер Груевски дали тој навистина го прифатил како решение ова име.

– Ако се согласев на се што бараа Грците сега ќе беше друга песна. Но јас сум човек со принципи, рече Груевски.

Премиерот Заев, кој веќе неколку пати рече дека неговиот претходник Груевски прифатил решение за името, денеска вели-  не сум ги видел документите од Викиликс, не сум ги прочил, но ги имам слушани сите прислушувани телефонски разговори.

– Многу влади се труделе и предходнат влада се трудела да изнајде решение. Дел од решението во делот на името и неговата севкупна употреба „ерга омнес“ било прифатено и во делот на северна и во делот на горна македонија, изјави Заев.

Портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанаколупол за време на гостувањето на грчкото радио 24/7 изјави дека господинот Груевски во 2008 година не прифати ниту едно решение, вклучително и Северна Македонија, наместо тоа тој беше за двојна формула, со што отпадна „ерга омнес“.

Весникот „Прото тема“, кој води антивладина политика, го објави доверливиот документ од Викиликс, во текстот под наслов „Веќе 10 години Скопјаните сакаа Северна Македонија, јазик и националност“ и коментар дека „Владата на Ципрас и го отстапи на ПЈРМ, сето она што го сакаа Скопјаните за јазикот, идентитетот и името на земјата како што се открива во документот од американската амбасада во Скопје со датум 29 јули 2008, во кои тогашната амбасадорка објаснува кои позиции би биле прифатливи за македонската страна“.

Ова беше доволна причина за препукувања меѓу лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис и министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас. Претседателот на Нова демократија ја обвини актуелната грчка Влада дека „ги задоволила долгогодишните барања на Скопје“, а шефот на грчката дипломатија коментира дека Груевски се преправал дека сака решение.

– Познато е дека господниот Груевски не сакаше никакво решение во прашањето за името. За да го прелаже меѓународниот фактор се преправаше дека неопходно прифаќа компромис. Никој не му веруваше. Освен, Мицотакис, кој отпосле поверува. Оваа претстава на Груевски ја наградува Нова демократија, вели Никос Коѕијас.

Во првиот дел од документот се споменува дека Миловановиќ своите заклучоци ги претставила по разговорите со тогашниот претседател и премиер на Република Македонија,  Бранко Црвенковски и Никола Груевски, и наведува дека условите биле прифатливи за земјата. „

Амбасадата на САД во Скопје оценува дека македонската Влада е подготвена заради отворањето на патот во НАТО и членството во ЕУ да се согласи со името Република Северна Македонија во сите меѓународни организации“, се наведува во документот на американската амбасада во Македонија, до кој дошол Викиликс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести