Како можеме да го поднесеме фактот што кога ќе се погледнеме во огледало ги гледаме Груевски и Заев?

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 19 февруари, 2020 14:19

Груевски и Заев се нашето огледало и свет крст!

Фото/Текст извор: ©магазин

Состојбата во едно општество се огледува во политичките лидери. Највисоките политички функции се лидерски. Политиката е составена од одлуки и решенија за доброто на заедницата. Ако ја анализирате етимолошката дефиниција ќе забележите дека во самиот збор се состои значењето и смислата на политиката. Во зависност од степенот на демократската свест и зрелост на едно општество, како и цивилизациски стадиум, политичкиот лидер се избира од страна на поединците, односно мнозинството, се наметнува или наследува лидерска функција. Нашето општество има избрани политички лидери и по тој критериум важи за демократско општество. Но демократијата во многу случаи значи и избор да се биде апатичен или избор да не се направи избор, да се одземе функција на оној што е избран или да се направи нешто за да не биде избран.

Последните избрани политички лидери во Македонија беа Заев и Груевски и тие се репрезентативни за нашата состојба на свест, демократичност и етичност.

Груевски е пред сè суетен човек

Погледом убијам!

Неговата суета одеше до таму да од сите имаше намера да направи свои истомисленици. Секој што мислеше поразлично од него, веднаш му го активираше тој „опасен и предупредувачки поглед“. Секој што беше различен му беше непријател. Таа треска од суета ја префрли изгледа и на своите партиски пулени, па затоа во бомбите можевме да слушнеме како за спомен куќата на Тоше не треба да се оделат пари бидејќи цитирам „Тоше не е наш“ односно дека фамилијата му е „комуњарска“. Цврстиот став кој Груевски го имаше и поради кој стана миленик на народот, не потекнуваше од неговата сигурност и карактерна стабилност туку токму од таа суета. Да беше Груевски убеден во својата „етичност“ можеше да се потпре на себе и во моменти кога му се закануваше политички исцениран судски процес. Па наместо да го избере полесниот пат и да побегне од својата сакана држава и да го остави својот народ на цедило, можеше да го одлежи достоинствено своето во затвор и да излезе како морален победник. Не е ваљда дека братот Љубе со тој тап поглед има повише морал у себе него севишниот лидер. Никола, Никола бе, така не се прави. Но ете таков човек ја претставуваше Македонија и нас како колективно битие. Тој беше показател дека сме мали и суетни и дека веруваме во голема фарса зад која стои само и исклучиво суета.

Зоран Заев, пак, е некултивирано створење кое најмногу може да се памти по гафовите, бисерите на мудроста и глупостите што ги сее на своите јавни настапи

Нешо као размислувам. Би размислувал јас ама не знам со што.

Ниту говор, ниту јасна мисла, ниту јасно и разделно размислување, но затоа тоа наивно човече на кое сите му се потсмеваат на неговата глупоќа, криминал до криминал реди. Постои мит дека криминалците се паметни луѓе и дека знаат како да ги изманипулираат други. Според мене криминалците не се паметни или глупи, тие се само нечесни и тука приказната завршува. Зоран Заев можете да го соберете во пат негови култни изјави:

  1. Ова влада е фригидна;
  2. Не можемо да се ударамо по градима;
  3. Холокаустот е еврејска традиција;
  4. Спикинг ту д мор сексипил лејди ин Јуроп;

И секако убедливо најјака изјава:

  1. Одозгора на тога

Како што можете да видите генијалноста на Заев се состои во тоа што човекот има талент да изговара глупости на три светски јазика – македонски, српски и англиски, али бога ми струмичкиот добро си го знаее оти слушнавме дека „тепсијата стоо“.

Имаме демократска зрелост колку и дечково на сликата!

Што кажува Заев за нас како колективен ентитет? Дека сме генерално необразовани, дека воопшто не се ни срамиме од нашето незнаење, дека сме нечесни и дека имаме потреба да зборуваме на јазици кои не ги владееме само за да направиме чест на другите, или во превод да им поживееме во анусите. Зоран Заев генерално мириса на анус и тоа најдобро го отсликува нашиот паразитски однос кон работите. Ние не работиме на градење на нашиот дух и душа, полесно ни е да се напикаме во анусот на другите и таму да живееме без некој да не види, забележи, одвои од толпата, или не стави на тапет.

Груевски и Заев се слика на македонскиот народ и мислам дека одговорноста за нивните изгледи и постапки треба конечно да ја преземе. Ако сакаме политичките лидери да не ни се лакрдија од лидери и политичари, тогаш треба да поработиме прво на унапредување на нашиот когнитивен и етички субјект. Овде владее колективно лудило, ниту еден нормален не би издржал да живее тука и да го гледа овој блам. Нормалните одамна си ги земаа куферчињата или јажињата. Најдобро е да се дадеме во лудило, бидејќи нели „кад би била нормална ја бих полудела“.

Автор: Стојмановиќ Магдалена

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...