Грчката провокација премолчена од македонската ракометна федерација, FYR е кратенка на непостоечка држава, или сме FYROM согласно времената спогодба или сме MKD

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 октомври, 2018 13:33

Грчката телевизија по “налог” не (пре)именува во FYR

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По реакција и барање на ЕРТ променета кратенката МКД на вчерашниот ракометен натпревар, што е тежок прекршок за кој Македонската ракометна федерација сеуште молчи.

Грчката државна телевизија ЕРТ, по реакциите во медиумите за употребата на кратенката МКД, на вчерашниот ракометен натпревар меѓу Грција и Македонија, излезе со соопштение во кое објаснува дека преносот и графичкиот дел го реализирала надворешна продуцентска куќа, а не ЕРТ.

По барање и реакција на грчката државна телевизија, продуцентската куќа на кајронот со резултатот ја промени кратенката МКД во ФИР.

Спортските сектори на ЕРТ и ЕРТ 3 брзо интервенираа и ја контактираа компанијата, по што овој проблем се коригираше додека траеше преносот и репрезентацијата на ПЈРМ беше заведена како ФИР. Во секој случај, надлежните служби на ЕРТ темелно ќе го испитаат ова прашање, со цел да се спроведат сите предвидени процедури за да се префрлат можни одговорности и да се покрене дисциплинска постапка, доколу биде потребно. – соопштуваат од грчката државна телевизија

Ракометниот натпревар меѓу Грција и Македонија се пренесуваше во живо на ЕРТ3, односно на третиот канал на грчката државна телевизија.

На почетокот на натпреварот и во поголемиот дел од првото полувреме нашата земја беше заведена под кратенката МКД. Пред крајот на првото полувреме, на неколку минути целосно исчезна кајронот со резултатот и времето, по што се појави нов, коригиран со кратенката ФИР.

Согласно времената спогодба при комуникација помеѓу Грција и Македонија се користи кратенката ФИРОМ или целосното нејзино значење, Поранешна Југословенска Република Македонија, кратенката FYR не означува постоечка држава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести