Изјава на пратеничка од Нова Демократија Софија Захарас

Објавил: Узунов Бобан | 23 јануари, 2019 10:53

Грчка пратеничка: Соседите ќе се нарекуваат Македонци

Фото/Текст извор: ©магазин

Софија Захарак, пратеничка на Нова Демократија, утрово на Евроњуз објасни зошто таа утре ќе гласа против Преспанскиот договор, јави МИА во Брисел.

Захарак смета дека договорот ги „пречекорува сите црвени линии на Грција“ и “им ги остави на соседите националноста и јазикот“.

-Ние не сме против никого, но сакаме да ги сочуваме историските димензии, рече Захарак.

Македонија не е една и грчка. Грчката Македонија е грчка. Постојат многу Македонии. Македонии и на другите, кои јасно се одредуваат со Договорот од Букурешт со нашиот потпис, со грчки потпис. Па така, кога слушаме „Македонија е една и грчка“, тоа се сфаќа како иредентизам, рече пратеникот од СИРИЗА, Никос Филис кој објасни дека Македонија стана грчка.

На прашањето на водителката дали Договорот значи дека “иако новото име на државата е Северна Македонија, потенцијално тие ќе можат да го користат македонски, а не северномакедонски како придавка?“, Захарак одговори: “не, потенцијално, туку дефинитивно“.

-Одредбите од Преспанскиот Договор на народот му дозволува да се нарекуваат само Македонци, иако името на земјата е Северна Македонија, рече Захарак.

На вчерашната дебата грчкиот пратеник од Сириза Никос Филис изјави дека Макеонија не е една и не е само грчка. 

Ваквите изјави на грчките политичари ги подгреваат страстите на националистичките кругови во Грција, иако е извесно е дека ратификациката на Преспанскиот Договор треба да се случи четврток вечер во грчкиот Парламент. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести