Заев во очај на панел дискусии во Скопје носи третокласни грчки аналитичари кои не убедуваат дека уставното име и нацијата ни се општествен проблем за ЕУ и НАТО интеграции

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 октомври, 2018 8:31

Грчки аналитичари не убедуваат колку е убаво да си Северна

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Договорот од Преспа е основата за пријателство меѓу двете земји е контатацијата на грчки аналитичар кој очигледно нема еден пример за непријателаство меѓу двата народи, освен прогонот на Егејците спроведен од грчките власти.

Договороте непопуларен до одреден степен во двете земји, но важен е не само за двете земји туку и за регионот. – вели Јанис Армаколас од ЕЛИАМЕП, добар познавач на приликите на Балканот.

Тој на дебата насловена: “Мостови или ѕидови? Македонија и Западниот Балкан во Европа”, организирана во рамки на Форумот за граѓанско општество Скопје 2018, на која учествуваше како панелист заедно со премиерот Зоран Заев, рече дека очекува процесот околу имплементацијата на Договорот во Грција да се одвива “чувствително” како и во Македонија, но оти е оптимист.

Мора да сме искрени и ова е основата за пријателството во иднината. Договорот не е популарен во Грција и ќе биде подеднакво чувствително како што е и тука сега и во наредните неколку недели. Но, јас лично научив да бидам пооптимистичен низ тој процес на преговорите што се случуваше меѓу двете земји во изминатите две години, бидејќи нештата се случуваат. –  рече Армаколос.

Спорот за името вели, го потсетува на состојбите од 90-те години, на посткомунистичкиот и постконфликтен период и неговото решавање, според него, ќе биде сигнал не само за двете земји, туку и за целиот регион дека “конечно може да го оставиме зад нас ова наследство и да преминеме кон нешто што мора да е посветла иднина“.

Важно е да се врати оптимизмот и надежта во регионот. За тоа ни е потребно позитивно лидерство и поддршката од ЕУ. Најважниот елемент на интеграциите е дека ја споделуваме идејата како сакаме да го организираме нашето општество, а тоа е обединувачки фактор во регионот. –  истакна меѓу другото експертот за Балканот. – Јанис Армаколас.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести