Според МНР на Грција проблемот со името почна во 1991 година со прогласувањето на независноста на „Република Македонија“ од СФРЈ.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 март, 2019 22:12

Грчко МНР: „Македонската нација ја измисли Тито а античките Ммакедонци се Грци- Македонија е грчки збор„

Фото/Текст извор: ©мкд. онлине магазин

За грчкото Министерство за надворешни работи македонската нација и натаму е производ на Тито, зборот Македонија е грчки збор, а античките Македонци се Грци, пишува на официјалната интернет страница на Министерството за надворешни работи на Грција за Република Македонија.

На интернет страницата на грчкото МНР пишува дека Тито ја преименувал Вардарска Бановина, во Народна Република Македонија, а подоцна во Социјалистичка Република Македонија.

Според МНР на Грција проблемот со името почна во 1991 година, со прогласувањето на независноста на „Република Македонија“ од СФРЈ.

„Историски, зборот Македонија е грчки збор и се однесува на кралството и културата на античките Македонци, кои се дел од грчката нација и стана нераскинлив дел од историското и културно наследство на Грција.

Географски, овој збор се однесува на еден поширок регион кој денес навлегува во територијата на неколку балкански земји.

Најголемиот дел е во Грција, а останатите делови се во  Македонија, Бугарија и Албанија. Главниот дел од Античка Македонија е во границите на сегашна Грција.

Најголемиот дел е во Грција, а останатите делови се во Северна Македонија, Бугарија и Албанија. Главниот дел од Античка Македонија е во границите на сегашна Грција. Таа територија историски се вика Македонија и на неа денеска живеат околу 2,5 милиони грчки граѓани“.

Таа територија историски се вика Македонија и на неа денеска живеат околу 2,5 милиони грчки граѓани“.
Историчарите на грчкото МНР не ја напуштија нивната и теоријата на бугарските историчари дека македонската нација е измислица на Тито. 

На сајтот пишува дека Тито така почнал да ја развива идејата за постоење на „македонската нација“.

Тој тоа не го направил случајно, пишува на сајтот, затоа што главната идеја му била да ги поттикнува и идните територијални претензии на поширокиот регион на Македонија за да обезбеди излез на Егејското Море. „Аспирациите на Тито беа најавени уште во 1944 година кога тој јавно најави дека неговата цел е да ги обедини ‘сите делови на Македонија кои беа распарчани во 1912 и 1913 година од балканските империјалисти’.

Како дел од таа историска подлога, во 1991 година поранешната југословенска Република Македонија стана независна држава врз вештачкиот концепт на ‘македонската нација’.
На оваа узурпација на историското и културното наследство Грција остро реагираше против територијалните и иредентистички концепции на новата држава и ова прашање дојде и пред Советот за безбедност на ОН“.

Во подолгиот текст за историските околности под рубриката Северна Македонија на интернет страницата на грчкото МНР се додаваат и сите детали околу Времената спогодба за името меѓу Македонија и Грција и Договорот од Преспа постигнат меѓу премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести