До нашата редакција пристигнаа многубројни пораки со загрижувачка содржина за непочитувањето на законот. И покрај забраната, минарето сепак се гради

Објавил: Македонка Димкин | 20 март, 2019 9:16

Дали “шерифот Нефи од ДУИ” е вмешан во градбата на минарето во Охрид?!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во предметот кој се однесува на изградбата на Али Пашината џамија, во моментов се води постапка против најмалку 7 лица. Иако предходно властите изјавија дека е стопирана изградбата на минарето на Али пашината џамија и дека конците во свои раце ги зеде Основното јавно обвинителство Охрид, џамијата сепак се гради велат загрижените граѓани на Охрид.

За Али пашината џамија има само одобрение за конзерваторско – реставраторски работи и реконструкција но не и одобрение за градба од министерството за транспорт и врски,што е кривично дело.
Од тие причини,на 13.02.2018-та ОЈО од Основниот суд побарало да се донесе решение за забрана за преземање и изведување градежни работи на објектот.

Неофицијално изведувач е фирмата НЕФИ на истоимениит НЕФИ кој го гради цел град и кој наводно имал дебели врски со општиина Охрид. Нефи незаконски гради и наспроти џамијата и за таа потреба дури има уништено неколку гранки од чинарот, цели нашиот извор кој побара да биде заштитен.

Деновиве по извршен увид на терен се констарало дека мерките на претпазливост не се почитуваат од страна на осомничените. Со оглед дека постапувањето по судското решение е во надлежност на Управата за заштита на културно наследство која е носител на Конзерваторското одобрение, но и до Министерството за транспорт и врски, поточно Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, како и поради тоа што интензивно се преземаат дејства за изградба на минарето на наведената џамија и покрај изречените забрани од страна на судот, јавното обвинителство доставило информација до надлежните со цел да се иницира поведување на инспекциски надзор.

На 11 март, Основното јавно обвинителство Охрид било известено од страна на Централниот регистар – регистрациона канцеларија од Охрид дека на терен се работи.

Од здружението на граѓани “ Совест” цели три години укажуваа дека на џамијата се работи незаконски. 

Од охридскиот Завод и музеј потврдија дека на 6-ти март добиле допис од Унеско во кој се бара да им ја испратат целокупната документација и информации за активностите и мерките кои надлежните институции ги превземаат. Го барале проектот за конзервација на Али пашината џамија, а за неговото влијание врз универзалните вредности на Охридскиот регион ќе се разледувало на 43 сесија на Советот во Азербејџан. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести