Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Бучковски, несвесно го откри планот дека албанските партии веќе се подготвуваат за парламентарни избори, додека Заев тактизира

Објавил: Мартин Попоски | 28 октомври, 2018 8:16

Да го видиме Заев економистот на дело, избори за пратеници заедно со претседателските

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Владо Бучковски, коментирајќи го процесот за уставните измени, откри и дел од договорот Ахмети – Заев за предвремени избори за пратеници.

Според Бучковски нив сепак ќе ги има, иако премиерот Заев пред два дена изјави дека планира да отслужи цел мандат.

Претседателските избори пак ќе ги трча Заев и раководството на СДСМ за некој од нив или некој што не го гледаме, ризикот е ако евентуално нема успех, да има предвремени избори. Кога веќе се толку близу, рационално, според мене, е да има предвремени парламентарни избори затоа што ги бараше Христијан Мицкоски.

Митингот кој го правеа во мај – јуни беше, заедно со претседателските да имаме и вонредни парламентарни, да има пржинска влада. Ќе има време, ќе се потрефи тоа, лесно може да се усклади. – рече Бучковски.

Тој вели дека дел од опозициските партии од албанскиот блок ја почнале кампањата за избори преку промовирање на уставни амандмани што, според него, е повеќе билдање на рејтингот отколку опасност да го загрози процесот на уставни измени за Договорот од Преспа.

Бучковски предвидува дека до средината на јануари би завршил процесот на уставни измени.

Поранешниот премиер, поранешен министер и поранешен претседател на СДСМ анализирајќи го судирот во ВМРО – ДПМНЕ, вели дека партијата е исправена пред сериозна дилема дали повторно да бара предвремени избори или ќе молчи чекајќи ги претседателските избори за да ја видат реалната сила на Мицкоски.

Тоа во краен случај ќе зависи од СДСМ и коалицијата која ја предводи. Јас кога би бил на местото на Заев, тоа е моето мислење, треба да има едни избори заедно, и претседателски и парламентарни. Да го видиме Заев економистот.

Овие две години поминаа од мандатот, беше преокупиран со решавањето на прашањето за името, со подобрување на меѓународните позиции на Македонија. Очигледно во делот на економијата, во делот на другите реформи има сериозен застој, тоа може да има одраз на среден рок, не на долг рок, на рејтингот кој го има СДСМ. – рече Бучковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести