Земјотресот бил почувствуван во 9.48 часот со епицентар на 127 километри југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Струмица.

Објавил: Весна Петровска | 15 октомври, 2019 7:57

ДВА ЗЕМЈОТРЕСА ЈА СТРЕСОА МАКЕДОНИЈА – се тресеше тлото на земјата

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Нов земјотрес вчера околу 21 часот и 40 минути е почуствуван во Македонија.

Земјотресот бил со јачина од 2.9 степени според рихтер, на 8 километри северосточно од Ново Село (струмички регион), се вели во неофицијалните податоци на европскиот сервис за сеизмологија ЕМСЦ.

Првиот поотрес бил почуствуван вчера изутрината со јачина од 2,6 степена во Струмица, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил почувствуван во 9.48 часот со епицентар на 127 километри југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Струмица.

Што преставува земјотрес?

Земјотрес или потрес е природна појава, којашто е резултат на поместувањето на тектонските плочи, движењето на земјината кора, при што се ослободува голема енергија што води до потресување на земјата.[1]

Јачината на потресот зависи од повеќе фактори, како што се количината на ослободена енергија, длабочината на хипоцентарот, оддалеченоста од епицентарот и составот на земјината кора. Земјотресот се манифестира со потрес или дислокација на земјиното тло.

Јачината на земјотресот се изразува со помош на Меркали-Канкани-Сибергова скала, попозната како Меркалиева скала, којашто има 12 степени и се темели врз разорноста и последиците од земјотресот.

Постои и Рихтерова скала или скала на Рихтер, којашто има магнитут од 0 до 9 степени и се темели врз јачината (количината) на енергија што се ослободува при потресот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести