МВР: Магазин лаже, бараме повлекување на лагата и извинување. Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира злонамерните невистини објавени од порталот Магазин во текстот „ Шокантно: Функционерите о

Објавил: Македонка Димкин | 15 февруари, 2019 14:32

ДЕМАНТ-Ја известуваме јавноста дека такво лице Симона П. не е вработено во СВР Битола

Фото/Текст извор: ©демант мвр / магазин.мк

Во прилог го објавуваме и демантот пристигнат до редакцијата на Магазин, а испратено од  страна на  министерството за внатрешни работи по однос на текстот со наслов во прашална форма “Шокантно: Функционерите од СДМС збеснаа, веќе незнаат кај тераат?”објавен на 13. февруари во 18.36. Воедно сакаме да појасниме дека Магазин не тврди туку пренесува информации и слики достапни за јавноста, а објавени јавно на социјалната мрежа фејсбук. Исто така во завршницата на текстот се пренесени информации кои се превземени  од прес конференција од страна на ВМРО-ДПМНЕ а во врска со непотизмот на власта. За нашето дообјаснување да биде транспарентно пред македонската јавност и нашите читатели, уште еднаш потенцираме дека МАГАЗИН никаде во текстот не тврди туку се повикува на претходно објавени информации од други извори и како тавки и се пренесени. 


ДЕМАНТ од МВР:

Магазин лаже, бараме повлекување на лагата и извинување. Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира злонамерните невистини објавени од порталот Магазин во текстот „ Шокантно: Функционерите од СДСМ збеснаа, веќе незнаат кај тераат?“, во кој се изнесени низа лаги односно се тврди дека извесна Симона П. од Муслинци , Битола била вработена во СВР Битола односно дека ЕТИКАТА и МОРАЛНОТО ОДНЕСУВАЊЕ не се основни критериуми при селекцијата на апликантите за вработување во МВР под раководство на министерот Оливер Спасовски. Ја известуваме јавноста дека такво лице Симона П. не е вработено во СВР Битола односно станува збор за лага. Министерството за внатрешни работи бара да го објавите овој демант, и да се објави извинување, како и јавно повлекување на текстот. Во спротивно МВР ќе ги следи законските регулативи и алатки кои ги има на располагање за заштита.


*Порталот Магазин се оградува од невистини и злонамерни дезинфомации, но во исто време  го почитува правото на инфомирање на граѓаните  и организациите , кои го искажуваат својот став до јавноста преку социјалните мрежи. Воедно се извинуваме доколку некое физичко или правно лице се нашло  навредено поради пренесените информации од друг извор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Демант

До редакцијата на „Магазин“ пристигна демант по повод објавата за календарот со полуголи жени финансиран од погребалното претпријатие „Две солзи“

ДЕМАНТ од сопственикот на погребалното претпријатие „Две солзи“: Календарот и објавата се лажни

Владимир Мургоски од Охрид инаку сопственик на погребалното претпријатие „Две солзи“...

Во интерес на вистината, неколку месеци имав такви јавувања од непознат човек кој се претставуваше дека е од некакво истражно биро од Канада.

Кабранов до Камчев: Боки 13 и јас бевме жртви на сајбер криминал – Сега ми е јасно дека се било фарса

Новинарот Ацо Кабранов, кој неколку месеци беше вработен во телевизијата на осомничениот...