Директорот на кочанското училиште не престанува да изненадува.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 29 февруари, 2020 10:17

СКАНДАЛОЗНИОТ ДЕМАНТ на директорот на кочанското училиште конечно до редакцијата на Магазин

Фото/Текст извор: ©магазин

До редакцијата на Магазин, по објавување на веста дека директорот на кочанско училиште Гоце Савев изнел невистини до „Советот за етика во медиумите“ тврдејќи дека испратил демант кој не сме го објавиле, конечно пристигна и демантот кој го очекувавме. Секако поради тоа што веќе барал посредништво од „Совет за етика во медиуми“ ние немаме апсолутно никаква обврска демантот да го објавиме, но со однос на тоа што се бориме за прикажување на сите податоци со кои располагаме до нашите читатели ќе пренесеме дел од демантот. Гоце Савев по повод натписот „СКАНДАЛ ВО КОЧАНСКО УЧИЛИШТЕ: Директорот поставувал камери и снимал малолетни деца“, објавен пред два дена испратил демант кој бара да го пренесеме во целост. Од причина што демантот е долг а голем дел од демантот е составен со нерелевантни податоци за случајот туку личи на реклама за училиштето, ќе објавиме само она што е врзано со случајот.

Во продолжение сегмент од демантот:

„Јас  Гоце  Савев  укажувам  на  невистинитоста  на  натписот  на  вашиот  портал  од  неколку  причини.  

  1. Видео надзорот  во  училиштето  е  поставен  пред  10  години  а  не  во  време  во  кое  јас  сум  директор  

  2. Истиот се  користи  исклучиво  за  утврдување  на  некој  инцидент  и  за  ништо  друго  освен  за  аргументирање  на  некој  настан   

  3. Подот не  е  во  најдобра  форма  но  веќе  30  дена  се  работи  на  истиот  да  се  санира  и  90%  е  во  завршна  фаза   

  4. Училиштето на 26  февруари   имаше  околу 500 000  евра  долг  кој  ние  за  година  и  шест  месеци  го  расчистивме  па  порадаи  тоа  имаме  мало  задоцнување  во  санирањето  на  зградата  но  имаме  добра  стратегија  и  целосна  подршка  од  колективот  а  тоа  е  најбитно  за  нас  како  менаџерски тим  

  5. Мојот бизнис  со  години  е  врзан  исклучително  за  приватни  компании  и  така  ќе  остане  и  во  иднина  и  тука  дискусија  нема.

  6. Грижливоста за  секој  поединец  како   за ученик  така  и  за професор  е  на  максимално  високо  ниво  за  што  впрочем  се  сведоци  и  сите  ученици  и  наставен  кадар  во  училиштето  (слободно  дојдете  во  училиштето  и  разговарајте  со  колегите кога  сакате)“

Ако коза лаже, рог не лаже

Демантот продолжува со барање јас како автор на текстот да му се извинам поради изнесување на невистини за неговата личност и закана до мене и медиумот дека ќе покрене тужба бидејќи е борец против лагата. Секако со однос на нашето искуство и професионалност секогаш сме свесни за последиците што ги имаме кога изнесуваме нешто за кој било. Не е прв пат да ни се закануваат со тужби, имало и посериозни закани, но ние не сме престанале да ја работиме нашата работа и да ги застапуваме интересите на нашите читатели. Ниту јас како автор, ниту медиумот за кој работам нема никаква потреба да го деградира Гоце Савев, податоците со кои располагаме и фотографиите се направени од негови ученици и колеги, а не од наш репортер. Тоа доволно покажува колкаво е задоволството на колективот од работата на директорот и ниту ние, ниту јавноста нема потреба од отчети кои ни ги дава директорот во демантот. Тој треба да даде отчет пред своите колеги, своите ученици и родителите. Повторно не е јасно истакнато која лага сме ја изнеле во текстот што е поврзана со неговата личност, за волја на вистината искуството покажа дека не сме ние тие што изнесуваме невистини. Гоце Савев беше тој што го излажа „Советот за етика во медиумите“ дека испратил демант кој сме одбиле да му го објавиме и на тој начин не сме ја застапиле втората страна во приказната што е спротивно на новнинарските стандарди. Прашањето ми е дали на тој начин Гоце Савев се бори против „лагата во светот“ како што истакнува во својот демант?

Демантот на Гоце Савев ги потврдува нашите наводи дека во училиштето постојат камери и дека подовите се распаѓаат. Проблемот во целата ситуација е зошто било приоритет да се стават камери, во исто време додека училиштето се главело во долгови и имало други приритети? Незадоволството од работата на директорот не потекнува од нас и ние немаме апсолутно никаква потреба да го посетуваме училиштето и да правиме репортажи за него, бидејќи тоа не е наше секојдневно опкружување. Незадоволството потекнува од учениците, родителите и колегиумот во самото училиште, таму треба директорот да дава отчет.

 

Автор: Стојмановиќ Магдалена

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Демант

До редакцијата на „Магазин“ пристигна демант по повод објавата за календарот со полуголи жени финансиран од погребалното претпријатие „Две солзи“

ДЕМАНТ од сопственикот на погребалното претпријатие „Две солзи“: Календарот и објавата се лажни

Владимир Мургоски од Охрид инаку сопственик на погребалното претпријатие „Две солзи“...

Во интерес на вистината, неколку месеци имав такви јавувања од непознат човек кој се претставуваше дека е од некакво истражно биро од Канада.

Кабранов до Камчев: Боки 13 и јас бевме жртви на сајбер криминал – Сега ми е јасно дека се било фарса

Новинарот Ацо Кабранов, кој неколку месеци беше вработен во телевизијата на осомничениот...

Христијан Мицкоски со експресен одговор на неговиот ФБ профил: молевте и коленичевте за фер однесување, но уште еднаш покажавте дека за Вас не постојат принципи, ниту збор

Машинеријата на лажни вести на власта обвинува: Мицкоски лапнал 1.6 милиони?

Еден македонски портал со шпекулација дека Мицкоски се сретнал со руските дипломати...