Христијан Мицкоски со експресен одговор на неговиот ФБ профил: молевте и коленичевте за фер однесување, но уште еднаш покажавте дека за Вас не постојат принципи, ниту збор

Објавил: Македонка Димкин | 3 ноември, 2019 0:15

Машинеријата на лажни вести на власта обвинува: Мицкоски лапнал 1.6 милиони?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Еден македонски портал со шпекулација дека Мицкоски се сретнал со руските дипломати и од нив добил пари по што на еден портал осана насловот: Мицкоски зел 1.6 милиони евра од дипломати, прашањето кое сите нас не мачи: Што треба да направи/сработи со овие пари?!

Со експресна реакција се огласи и Мицкоски кој овој напис го смета за ширење на лажни вести велејќи дека Заев одамна го пробила дното и наместо да се занимава со катастрофалните проблеми , тој на најако ги пуштил машините за лажна пропаганда: 

Иако дното со Заев и оваа власт во заминување е оддамна пробиено, сепак вредно е да се напомене дека во овие моменти на изразена паника кај власта од престојниот пораз ширењето на лажни вести е веројатно единственото на кое оваа власт е посветена. Наместо да решаваат проблеми, тие се посветени на крадење и ширење лажни вести.

Мицкоски: Сакам да им порачам, додека ги трошат жолтиците од рекетот, цинично се смеат и меѓусебно се храбрат дека еве го изнервираме реагираше, јас уште посилно ќе продолжам да се борам се додека со народот конечно не ги поразиме и пратиме во политичка пензија, но потоа ќе следи одговорност. Не ја навредувајте интелегенцијата на народот.

И кога не би биле лажните вести кои тие ги креираат како што е оваа, ќе требаше да се збори за посуштински прашања за граѓаните, како на пример тоа што Заев направи грабеж на бизнис секторот со прогресивниот данок, и сега привремено ја стопира оваа штетна мерка, тоа што го пуштија да избега убиецот на Нешкоски, за сомнежите за криминал и рекет, за бегањето од избори и мал милион скандали на оваа арамиска власт. И додека разно-разни советничиња на премиерот имаат усти полни со демагогија за лажните вести, тие во позадина се нивните главни креатори.

Затаи системот или скриен договор му ја исчисти трасата преку граница на бившиот специјалец, Игор Спасов осуден за убиството на Мартин Нешковски во 2011 година. Дека системот на функционира од суд до затвор не е новина колку и денеска премиерот Зоран Заев лежерно да звучеше во изјавата, префрлајќи ја топката во МВР како од затвор да избегал ситен крадец, а не осуден убиец, врз чиј грб СДСМ со години водеше кампања против ВМРО ДПМНЕ и раководството на МВР во нивно време, објави Алфа.
За разлика од резервираноста на премиерот, која алудираше на тоа дека за бегството на убиецот нема виновник, вчера министерот за внатрешни Оливер Спасовски директно посочи на нефункционалност на институциите.
Судот во Штип, последен пат се видел со осуденикот Игор Спасов во септември, еден месец откако повторно му дозволил одлагање на затворската казна. Поседен пат Спасов поради операција на урологија побарал одложување во јули. Во затвор требало да се појави на 18 октомври, но ниту една институција не знае кога избегал од државата, зошто немало побарано никакви мерки за негово лоцирање додека затворот му е во прекин. Сега по него има распишано национална потерница, тој треба да одлежи уште 7 години и 3 месеци од казната.

Паѓаат во вода сите нивни квази стратегии платени со народни пари. Нивното препелкање е нивната нервоза затоа што ја немаат поддршката од народот. Но ваквите нивни потези мене не ме вознемируваат, напротив ме мотивираат да продолжам во правилната насока.

Сакам да им порачам, додека ги трошат жолтиците од рекетот, цинично се смеат и меѓусебно се храбрат дека еве го изнервираме реагираше, јас уште посилно ќе продолжам да се борам се додека со народот конечно не ги поразиме и пратиме во политичка пензија, но потоа ќе следи одговорност. Не ја навредувајте интелегенцијата на народот.

ПС: молевте и коленичевте за фер однесување, но уште еднаш покажавте дека за Вас не постојат принципи, ниту збор, тогаш подгответе се за кошмарот кој сами го создавате, и тој не е исполнет со лажни вести туку со факти и аргументи. И да, не заборавајте, овој народ ја сака вистината!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Демант

До редакцијата на „Магазин“ пристигна демант по повод објавата за календарот со полуголи жени финансиран од погребалното претпријатие „Две солзи“

ДЕМАНТ од сопственикот на погребалното претпријатие „Две солзи“: Календарот и објавата се лажни

Владимир Мургоски од Охрид инаку сопственик на погребалното претпријатие „Две солзи“...

Во интерес на вистината, неколку месеци имав такви јавувања од непознат човек кој се претставуваше дека е од некакво истражно биро од Канада.

Кабранов до Камчев: Боки 13 и јас бевме жртви на сајбер криминал – Сега ми е јасно дека се било фарса

Новинарот Ацо Кабранов, кој неколку месеци беше вработен во телевизијата на осомничениот...