Курбан бајрам трае три дена, а прославата почнува 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр бајрам, и го обележува денот кога е комплетиран светиот Куран

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 јули, 2020 11:33

Денеска верниците од исламска вероисповед го слават Курбан бајрам

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска верниците од исламска вероисповед го слават празникот Курбан бајрам.

На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога.

Курбан Бајрам е голем исламски празник кој трае 4 дена (10-13 зулхиџет, односно дванаесеттиот месец според арапскиот календар) и се вика таканаречениот празник на жртвата затоа што тогаш се принесува жртва – курбан, обично овни и им се делат на сиромасите.

Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност, а тие кои принеле жртва, потоа им раздаваат од месото на сиромашните, соседите и на роднините.

Курбан бајрам трае три дена, а прославата почнува 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр бајрам, и го обележува денот кога е комплетиран светиот Куран.

Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести